ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Зеленски: Ова е војна за татковината, народна војна, војна за нашата независност

March 12, 2022 14:17
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Храбар народе на неосвоената земја! Уште од утрото во украинскиот – вечно украински – Мелитопол, наши граѓани, се собраа на повторната протестна акција против руските војски. Против обидите градот да се фрли на колена. Повеќе од две илјади луѓе на плоштадот. Слушнете, ве молам, во Москва!, рече украинскиот претседател, Володомир Зеленски, во најновото обраќање.

„Ако 2.000 луѓе протестираат против окупацијата во Мелитопол, колку треба да има кај вас против војната? За да биде фер, за да биде праведно. Вчера окупаторите го киднапираа градоначалникот на Мелитопол Иван Федоров. Градската заедница бара негово ослободување. И ова е многу важно.

Благодарен сум му на секој мелитополчанец за овој отпор, за оваа позиција. Окупаторите мора да видат дека се странци на нашата земја, на целата наша земја Украина и никогаш нема да бидат прифатени.

Во текот на ноќта и денес постојано разговараме со нашите партнери за оваа ситуација со нашиот градоначалник. Барањето е едноставно – веднаш да се ослободи од заробеништво.

Апелираме до сите светски лидери кои зборуваат со Москва. Франција, Германија, Израел и други.

Јас лично му се јавив на германскиот канцелар Олаф Шолц и разговарав со него. Разговарав со францускиот Претседател, Емануел Макрон.

Ќе разговарам со сите што треба за да бидат ослободени нашите луѓе.

Очекуваме тие, светските лидери, да покажат како можат да влијаат на оваа ситуација. Како можат да направат едноставна работа – да ослободат еден човек. Таков човек кој ја претставува целата мелитополска заедница. Украинците кои не се откажуваат.“, рече Зеленски во обраќањето.

„Нашите Вооружени Сили прават сè за да го лишат непријателот од каква било желба да ја продолжува војната против Украина. Загубите на руските војници се огромни.

Динамиката на загубите на окупаторите на 17-тиот ден е таква што може уверено да се каже дека ова е најголемиот удар за руската армија во последните децении. Тие никаде не изгубиле повеќе за толкав број на денови.

Од почетокот на инвазијата, 31 баталјонско-тактичката група на непријателот ја загуби својата борбена способност. Руските војници се предаваат во плен не само еден по еден, туку како цели групи. Цели групи се обидуваат да ја напуштат територијата на Украина и да си одат дома, во Русија.

Загубите на напаѓачите во техничките способности се едноставно запрепастувачки. Повеќе од 360 тенкови. 1205 оклопни возила. И тоа без да се бројат загубите во битките оваа ноќ и утрово.

Веќе речиси 60 авиони. Повеќе од 80 хеликоптери. Стотици и стотици единици друга техника, вклучувајќи ги и најмодерните модели, со кои Русија секогаш се гордее.

Повеќето армии во светот немаат толкаво количество на техника, колку што руските трупи изгубија за време на инвазијата на нашата држава.

Украинци!

Сакам да ме разберете правилно.

Имаме извонредни успеси. Тоа како целиот украински народ им се спротивстави на овие напаѓачи веќе влезе во историјата. Но, немаме право да го намалуваме интензитетот на одбраната, колку и да ни биде тешко. Немаме право да ја намалуваме енергијата на нашиот отпор. Непријателот носи нови и нови колони на нашата територија. Насекаде бараат борци за себе. Резервисти. Регрути. Платеници.

Се обидуваат да не земат со количина. Со количина на борци, количина на техника. Тие користат терор за да не скршат, да ни ја скршат вербата во победата и во Украина.

Сигурен сум дека нема да успеат. Тоа нема да им донесе резултат. Но, за да не успеат, се уште треба да се бориме. Сè уште треба да бидеме фокусирани. Сите ние, сите Украинци, сè уште треба да продолжиме да работиме на одбраната на нашата држава. Да работиме заедно.

Без внатрешни поделби. Поддржувајќи се едни со други. Низ цела Украина. Од Ужгород до Мелитопол. Од Чернигив до Мариупол. Од Лавов до Харкив.

Исто како што правиме сите ние веќе 17-ти ден од војната.

Овој ден повторно испративме хуманитарна помош во Мариупол. Ќе се трудиме секој ден за да го спасиме нашиот народ.

Благодарен сум му на секој возач кој се обидува да ја оствари оваа тешка мисија.

Благодарен сум им на претставниците на црквата кои се вклучија во напорите за заштита на хуманитарниот коридор во Мариупол од гранатирање.

Украинските војници, од своја страна, гарантираат целосен „молк“ по целата релација, со цел Мариупол да добие храна, вода и лекови. И за да можат цивилите од градот Мариупол да отидат на безбедна територија.

Исто така, подготвени се и хуманитарни коридори од Макаров, Бородјанка, Тростјанец, Суми, Полтава, Лебедин, Конотоп, Велика Писаривка, Краснопиља, Пологи, Токмак, Гостомел, Козарович, Микуличи и Андријивка во Кијивската област.

Руската страна мора да обезбеди „молк“ на секоја од овие релации.

Во спротивно, што може тогаш Русија да гарантира во какви било преговори?

Продолжуваме да работиме со Европејците во две насоки. Првата е пристапот на Украина во Европската унија. Работиме со Европската комисија да ги договориме сите процедури за нашето движење во ЕУ што е можно поскоро. Втората – важна, приоритетна – санкционата насока.

Очекуваме нов пакет европски санкции против Руската Федерација за да ја доведеме до мир. До мир на нашата земја. Да им биде јасно: нивната економија едноставно нема да ја преживее оваа војна.

Кабинетот на Министри на Украина донесе неколку многу важни одлуки.

Договорено е целосно укинување на данокот на додадена вредност и акцизата на горивото.

На бензин, на дизел. Тоа се прави не само во контекст на сеидбата, која мора да се започне како и секогаш, многу брзо, итно. Но, исто така, врз основа на потребите на сите наши граѓани на Украина. За да нема недостиг на гориво во земјава. За цените да бидат стабилни.

Владата го заврши својот дел од работата. Сега останува на пратениците на Врховната Рада. Тие мора веднаш да ја поддржат оваа одлука со својот глас. Претседателот на Врховната Рада Руслан Стефанчук веќе е зафатен со организирање на соодветната седница.

Втората компонента, за да се поддржат оние украински заедници кои ги примаат нашите преселени лица од борбените области, Владата одлучи да ги компензира локалните буџети за комунални услуги при сместување на луѓе.

Според прелиминарните проценки, заедниците во најмалку десет региони на Украина ќе добијат конкретни пари од централната влада за сите преселени лица да бидат обезбедени со се.

Украинци! Украинки!

Сега е време кое бара од нас сите да бидеме ефикасни и во рутински работи.

Да ја вршиме својата работа на сто проценти, да им помагаме на колегите, да се грижиме за нашите најблиски. И во исто време да дадеме се што е потребно за нашата одбрана, за нашата армија, за нашите бранители и бранителки.

Ова е татковинска војна. Ова е народна војна.

Ова е нашата војна. Ова е војна за нашата независност.

Не само на државата.

И сето украинско што беше, е и ќе биде во светот.

Слава на Украина!, рече Зеленски во обраќањето.

Next Post

Макрон и Шолц повторно разговараат со Путин

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk