Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави ново видео-обраќање до нацијата на социјалните мрежи во кое изјави дека руската армија ги претрпе најголемите загуби во последните децении, пренесе МИА.
Наші оператори Bayraktar TB2 майстерно “відпрацювали” систему РЕБ противника в Київській області.
Слава Україні!?? pic.twitter.com/YtxY7qWX4j— ??Armed Forces (@ArmedForcesUkr) March 12, 2022
Зеленски тврди дека 31 тактичка група на рускиот баталјон сега се неспособни за борба.
Тој бара итно ослободување на градоначалникот на Мелитопол, кој наводно е киднапиран од руските сили, велејќи дека за тоа разговарал со француските и германските лидери.
Зеленски, исто така, рече дека Украина работи со Европската комисија за да го забрза нејзиното членство во ЕУ.