Британското Министерство за одбрана го објави најновиот разузнавачки извештај во кој се наведува дека руските трупи се обидуваат да ги опколат украинските сили на исток и напредуваат од правец на Харков на север и Мариупол на југ.
Се додава дека руските трупи исто така напредуваат од регионот на Крим кој е под руска контрола кон југ, напаѓајќи ја Одеса, најголемото пристаниште во Украина и третиот најнаселен град во Украина.
Но, Русите се соочуваат со големи загуби при секое напредување поради силниот украински отпор, се наведува во извештајот.
Заменик-министерката за надворешни работи на Украина, Емине Џапарова, на Твитер објави листа со досегашните загуби на руските воорушени сили.
#StandWithUkraine#StopRussianAgression#RussianWarCrimes#KharkivTribunal pic.twitter.com/TRUxZjCTKs
— Emine Dzheppar (@EmineDzheppar) March 13, 2022