ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украина прифати понудата за 30-дневен прекин на огнот, Зеленски – сега САД треба да ја убедат Русија

March 12, 2025 01:20
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Соединетите Американски Држави „веднаш ќе ја укинат суспензијата во размената на разузнавачки информации и ќе ја обноват безбедносната помош за Украина“, се вели во заедничката изјава на САД и Украина, објавена од американскиот Стејт департмент.

Украина е подготвена да ја прифати американската иницијатива за итен, привремен 30-дневен прекин на огнот по денешните мировни преговори во Џеда, Саудиска Арабија. Овој предлог за прекин на огнот ќе може да се продолжи со взаемна согласност на двете страни, но неговата примена зависи од прифаќањето и спроведувањето од страна на Русија, пренесува Би-Би-Си.

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави пред новинарите во Џеда, по разговорите со украинската делегација, дека САД дале понуда која Украина ја прифатила – да прифати прекин на огнот и да започне преговори за трајно и одржливо завршување на конфликтот. Тој додаде дека оваа понуда сега ќе ѝ биде пренесена на Русија и изрази надеж дека Москва ќе ја прифати. – Сега топката е кај нив, истакна Рубио, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп сака крај на војната.

Советникот за национална безбедност Мајк Волц нагласи дека на состанокот се разговарало за деталите како да се постигне траен мир и какви безбедносни гаранции ќе бидат обезбедени за долгорочна стабилност. Тој најави дека во наредните денови ќе разговара со својот руски колега, а државниот секретар Рубио ќе учествува на средбата на министрите за надворешни работи на Г7, каде што ќе се продолжи со процесот.

На прашањето дали предложениот прекин на огнот се однесува на целата борбена линија или само на воздушните и поморските операции, како што предложи Украина, Рубио одговори кратко: „Да – понудата е целосен прекин на огнот“. Тој нагласи дека единствениот начин да заврши оваа војна е преку преговори, а за тоа да се случи, „прво мора да престане пукањето“.

Запрашан дали Украина прифаќа некакви гестови на добра волја од Русија или дали постои краен рок за спроведување на договорот, Рубио одговори: „Украина е подготвена да престане да пука и да почне да преговара“. Тој додаде дека се надева оти Русија ќе го прифати прекинот на огнот, но доколку тоа не се случи, „тогаш ќе знаеме што е вистинската пречка за мирот“. Повтори дека претседателот Трамп јасно ставил до знаење дека сака крај на насилството.

Кога новинарите прашаа зошто денеска не бил потпишан договорот за ретки минерали, Рубио објасни дека тоа не била тема на разговорите во Џеда. Тој појасни дека договорот се преговара меѓу украинските и американските финансиски институции, но дека претседателите на двете земји дале инструкции на своите владини претставници да го финализираат.

На прашањето дали односите меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски се „вратени во нормала“, Рубио одговори дека најважно е „мирот да се врати на вистинскиот пат“. Тој потенцираше дека ова не е некакво ријалити шоу, туку „сериозна работа“ во која секој ден гинат луѓе. „

– Денеска луѓе ќе умрат во оваа војна, вчера загинаа, а доколку нема прекин на огнот, за жал, ќе умираат и утре, нагласи Рубио. Тој повтори дека Трамп сака ова да заврши, поради што и се одржуваат овие разговори.

Главниот советник на Зеленски, Андриј Јермак, кој беше дел од украинската делегација во Саудиска Арабија, сподели кратка изјава на социјалната мрежа Икс, нагласувајќи дека „заштитата на интересите на Киев е најважна“, а „праведен мир е клучен“. Тој им се заблагодари на американските и саудиските претставници за „конструктивниот состанок“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за „конструктивноста на разговорите меѓу нашите тимови“ кои се одвиваа денеска во Џеда, Саудиска Арабија.

Во видео-обраќање, Зеленски повтори дека украинската позиција е да го прифати денешниот американски предлог за прекин на огнот на небо, море и на фронтот.

– Го сметаме за позитивен чекор, изјави тој, додавајќи дека САД „мораат да ја убедат Русија“ да се согласи на договорот.

Како значаен дел од денешниот разговор, Зеленски го истакна американскиот договор за обновување на размената на разузнавачки информации со Украина.

– Украина е подготвена за мир, нагласи тој и додаде: Русија мора да покаже дали е подготвена да ја запре војната или да ја продолжи. Време е за целосна вистина. Им благодарам на сите кои ѝ помагаат на Украина“.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, кој учествуваше во разговорите, исто така се заблагодари на САД за „конструктивниот состанок“.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Јермак нагласи дека „заштитата на интересите на Украина е најважна за нас“.

„Праведен мир е клучен за нас“, додаде тој, истакнувајќи дека Украина бара „траен мир“.

Next Post

Објавени детали од договорот меѓу Украина и САД, се чека рускиот одговор

Shortcut

Најново

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

September 14, 2026

СДСМ бара истрага од Обвинителството: Каде завршија 5,5 милиони евра од лотаријата за прославата со Дејвид Гета?

September 14, 2026

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

(ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk