Во време на криза, кога се жали дека општината нема пари за струја и парно, градоначалникот на Кисела Вода ќе потроши 100.000 евра на авторски договори за ангажирање на блиски лица, членови на ВМРО-ДПМНЕ и медиумски гласници на партијата, велат од СДСМ во соопштение за јавноста.
„100.000 евра за општина како Кисела Вода се сериозна сума на пари со кои може да им се помогне на граѓаните, сега кога е најпотребно во време на огромна криза.
Градоначалникот Ѓорѓиевски да ги пренамени овие пари и наместо за партиски војници и мегафони 100.000 евра да ги насочи за општината и граѓаните.
Наместо за непродуктивни трошења и партизација на општината, парите да завршат назад кај граѓаните“, се вели во соопштението.







