ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Навременети мерки на Владата го спасуваат стандардот на граѓаните, цената на горивата се намалува

March 16, 2022 11:13
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со навремено донесените мерки за заштита на животниот стандард од страна на Владата, граѓаните на Северна Македонија полесно се справуваат со светската економска и енергетска криза од граѓантие во нашите соседни мерки.

Цените на горивата во земјава остануваат најниски, а вистинските политики на Владата, за намалување на акцизата и ДДВ на горивата стана позитивен пример за регионалните медиуми.

Откако ваквиот пример беше промовиран по регионалните медиуми, сега и владите на останатите земји ја разгледуваат таа можност. Помеѓу првите кои најавија ваква можност е Хрватска, откако премиерот Андреј Пленковиќ истакна дека започнуваат да ја разгледуваат можноста за намалување на акцизите, но дека таквите измени би се имплементирале дури за две недели од сега.

Во меѓувреме, граѓантие на Хрватска горивата ги плаќаат по цена од 1,84 евра по литар за дизел и 1,72 евра за бензин, Еуросупер 95.

Парламентот на Косово вчера заседаваше со цел преземање мерки и намалување на давачките за горивата, меѓутоа не успеа да донесе одлука. Цените на горивата во Косово остануваат 1,52 евра за бензин и 1,41 евро за литар дизел.

Владата на Црна Гора претстави пакет мерки за намалување на акцизите, меѓутоа поради закоченост на парламентот таквиот пакет мерки се уште не е изгласан, а граѓаните на Црна Гора од денес ги имаат највисоките цени на горивата. Литар бензин во Црна Гора чини 1,78 евра, додека за литар дизел Црногорците плаќаат 1,73 евра.

Од друга страна, Албанија не се одлучи на ваков чекор, туку ги замрзна цените на дизелот и бензинот на 1,72 евра по литар, што е нешто над 105 денари или околу 20 денари поскапо од цената во земјава.

Во Србија литар дизел се точи за 1,6 евра, додека бензинот е околу 1,5 евра. Во Грција, цената на бензинот се движи нешто над 2 евра по литар, додека дизелот е 1,83 евра за литар.

Д. Е.

Next Post

Обнова на пистата на скопскиот аеродром од 28 март, ќе трае 50 дена без затворање

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk