Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Ахмад Кан денеска пристигна во Украина. Со него разговараше претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Тоа го пренесува РБЦ-Украина во врска со видео пораката на Зеленски.
„Разговарав со обвинителот на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Карим Кан кој веќе е во Украина. Тој веќе започна со работа. Затоа, окупаторите ќе бидат одговорни за сите воени злосторства против Украинците“, рече Зеленски.
Да потсетиме, Хашкиот трибунал минатата недела започна сослушување за геноцидот по тужбата на Украина против Руската Федерација. Пресудата треба да биде донесена денеска.
Русија ја нападна Украина на 24 февруари. Војната против Украина трае веќе 21 ден.
превод: Жорж Димовски