Поранешниот селектор на украинската фудбалска репрезентација продолжува да им помага на жртвите од руската инвазија.
Легендарниот фудбалер и поранешен селектор на украинската фудбалска репрезентација Андриј Шевченко продолжува да им помага на своите сонародници за време на инвазијата на руските напаѓачи.
Поранешниот напаѓач на Милан и Челзи засолнил неколку деца бегалци во својата куќа во Лондон. Покрај тоа, тој вети дека ќе помогне да се најдат нови домови за уште 150 украински мигранти, пренесува Кореспондент.нет.
Покрај тоа, тој планира да започне заедничка програма со Светската програма за храна на ОН и да собере 1 милион фунти за помош на Украина.
Во исто време, се забележува дека речиси 90 илјади Англичани веќе изразиле подготвеност да ги примат украинските бегалци.
превод: Жорж Димовски