Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, потпиша закон со којшто се забранува производство и дистрибуција на информации кои ги промoвират постапките на државата агресор, пренесе Врховната Рада на Укриана.
Президент Володимир Зеленський підписав Закон щодо заборони виготовлення та поширення інформаційної продукції, спрямованої на пропагування дій держави-агресора https://t.co/gJXT4nQWR3#StopRussia pic.twitter.com/6xLOSbxIMc
— Верховна Рада України (@verkhovna_rada) March 16, 2022
„Законот забранува производство и дистрибуција на информации насочени кон промовирање на дејствијата на државата агресор. И јавните здруженија и политичките партии кои ќе го прекршат законот, ќе следат санкцини како и гонење на суд.
Законот прави измени во законите за „За печатени медиуми (печат) во Украина“, „За телевизиско и радио емитување“, како и на законот за „За заштита на јавниот морал“, кои забрануваат:
– оправдување, признавање на законитост на агресијата, негирање на вооружената агресија на Руската Федерација врз Украина, претставување на вооружената агресија на Руската Федерација против Украина како внатрешен конфликт, граѓански конфликт, граѓанска војна, негирање на привремена окупација на Украина.
– глорификација на лица од Руската Федерација кои извршиле вооружена агресија против Украина, претставници на вооружени формации на Руската Федерација, нерегуларни, нелегални вооружени формации, вооружени банди и групи на платеници создадени, подредени, управувани и финансирани од Руската Федерација.
-Претставници на окупаторската администрација на нејзините државни органи и други структури, функционално одговорни за управување со привремено окупираните територии на Украина.
-Претставници на самопрогласените тела контролирани од Руската Федерација кои го узурпираа вршењето на власта на привремено окупираните територии на Украина, со дефинирање на нив како „бунтовници“, „милиции“, „учтиви воени лица“, “, пишува во новиот закон кој го потпиша Зеленски.
И. З.