Жителите на Херсон со бројни собири не им даваат мир на окупаторите, а тие не престануваат да гранатираат, пренесува украински ТСН.
Во регионот Херсон, непријателот сè уште не дозволува создавање на „зелен коридор“ за хуманитарна помош. Окупираниот Херсон, област Каховка, Хеническ – сè уште без потребните лекови а има и недостаток на храна.
Во текот на денот имаше информации дека Русите наводно дозволиле испорака на лекови до Нова Каховка – но подоцна регионалните власти тоа го демантираа. Во меѓувреме, собирите против руските напаѓачи продолжуваат во областа Херсон. Луѓето не се плашат да излезат голораки против вооружените окупатори.
превод: Жорж Димовски