ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бран од оставки во руската државна телевизија поради агресијата врз Украина

March 17, 2022 12:05
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Кога Марина Овсијаникова упадна во руските дневни соби во ноќните вести во понеделникот, осудувајќи ја војната во Украина и пропагандата околу неа, нејзиниот протест го истакна тивкиот, но постојан прилив на оставки од строго контролираната руска државна телевизија, пишува Би-Би-Си.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ се заблагодари, апелирајќи до секој кој работи за, како што го нарекува тој, пропагандниот систем, да поднесе оставка. Секој новинар кој работи во, како што го нарекува, четвртата гранка на власта, ризикува санкции и меѓународен трибунал за „оправдување воени злосторства“, предупредува Зеленски.

Некои од најголемите навивачки на рускиот претседател Владимир Путин на државната телевизија веќе се соочија со санкции, вклучително и Владимир Соловјов кој води ток-шоу на најголемиот руски канал „Россија-1“ и Маргарита Симонјан која обвини дека секој што во овој момент се срами дека е Русин, всушност и не е Русин.

Од руските државни канали се бара да ја следат линијата на Кремљ, но има и такви кој се откажаа од работата во државните медиуми како одговор на војната во Украина?

Неколку часа по протестот на Марина Овсијаникова на екранот, на виделина излегоа уште  три други оставки.

Новинарката од Канал 1, Жана Агалакова, ја напушти работата како дописник за Европа, додека двајца новинари ја напуштија ривалската НТВ, каде  Лилија Гилдеева работеше за каналот како водителка од 2006 година, а Вадим Глускер беше во НТВ речиси 30 години.

Лилија Гилдеева во вторникот објави дека ја напуштила Русија и поднела оставка/ALAMY/TASS

Се шират гласини дека новинарите се упатиле кон излезната врата на серуската државна ТВ група ВГТРК.

Марија Баронова е најзвучнатаоставка во РТ, порано позната како Русија денес. Поранешната главна уредничка на РТ, му рече на Стив Розенберг од Би-Би-Си дека  Путин веќе ја уништил репутацијата на Русија и дека и економијата е мртва.

Тоа беше голема љубов на мојот живот, Русија, а сега и таа е мртва, изјави Марија Баронова, поранешна главна уредничка  на RT.

Марија Баронова, поранешна главна уредничка на РТ/ BBC

Оставки поднесоа и голем број други новинари на РТ, вклучително и неруски новинари кои работат во нејзините дописнички и јазични служби.

Поранешната дописничка од Лондон Шадија Едвардс-Дашти ја објави својата оставка на денот кога Русија ја нападна Украина без да наведе причина. Новинарот од Москва, Џони Тикл, даде отказ истиот ден „во светло на неодамнешните настани“, францускиот водител на RT, Фредерик Тадеи, рече дека ја напушта својата емисија затоа што Франција е „во отворен конфликт“ со Русија и дека не може да продолжи да ја води својата програма „Забрането да се забрани“ „од лојалност кон мојата земја“.

Неколку дена подоцна, ЕУ соопшти дека ги забранува сите медиуми на РТ, како и оние на Спутник  поради нивната „кампања на дезинформации, манипулации со информации и искривување на фактите“. Руската државна новинска агенција Рупли со седиште во Германија, исто така, претрпе серија оставки, според агенцијата Ројтерс.

Руските медиуми кои не се под власта на Кремљ беа под постојани напади со години, така што многу новинари кои работеа под постојана закана дека ќе ги загубат своите средства за егзистенција во независни медиуми, нема да бидат импресионирани од сегашниот тренд на оставки. Некои беа етикетирани како странски агенти, како во времето на советската ера.

Дожд (ТВ Дожд), кој беше принуден да ја исклучи својата мејнстрим ТВ во 2014 година, мораше да ги прекине своите онлајн емитувања поради инвазијата во Украина, а голем број нејзини новинари избегаа од Русија заради своја безбедност.

Радио Ехо Москва, исто така, беше симната од етерот поради новото законодавство на Русија за таканаречените лажни информации. Би-Би-Си на руски е меѓу бројните западни медиуми кои се забранети, додека новинарите кои работат за Латвиската  Медуза беа принудени да ја напуштат Русија.

Но, бранот оставки не запре само на новинарите од државната телевизија.

Еден од најпопуларните руски водители на ток-шоу, Иван Ургант, направи пауза од неговото шоу во ударен термин„Вечерниот Ургант“ на вториот најголем руски канал, Канал 1, истата станица на Марина Овсијаникова.

Тој реагираше на војната објавувајќи црн квадрат на својот Инстаграм профил со едноставна порака: „Страв и болка. Не за војната“. Оттогаш тој им порача на своите следбеници да не паничат и дека заминал на одмор и наскоро ќе се врати.

И славниот руски пар број еден, Ала Пугачева и Максим Галкин се меѓу бројните познати  имиња од шоу-бизот кои исто така заминаа на привремен одмор. Галкин на Инстаграм порача: „Не може да има оправдување за војна! Не за војната!

Подготвил Д.М./ЦИВИЛМЕДИА

Next Post

Мицкоски очаен: За што ќе му се фатиме сега на Ковачевски?

НАЈНОВО

Фото: МИА

Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

November 2, 2025

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk