Сега светот чека банкрот на Руската Федерација, што според некои проценки, може да биде објавен веќе во март 2022 година. Од 16 март Централната банка ја одреди стапката на 111 рубљи за долар. Сепак, менувачнииците веќе реагираа на веста банкрот и го насочија курсот кон космички вредности.
Што ќе се случи со рубљата следно? „Денес“ дознава за ова од експертот економист – Алексеј Кушч.
Рускиот економски систем ќе го повтори моделот на Советскиот Сојуз
Експертот тврди дека е невозможно да се пресмета јасна дефиниција за тоа кој ќе биде максималниот курс на рубљата во однос на доларот. Сепак, веќе може да се предвиди колкав ќе биде курсот на рубљата. Кушч вели дека ќе се формира систем со двоен или троен девизен курс.
„Ќе има официјален курс кој ќе биде многу посилен отколку на црниот пазар. Но, речиси никој нема да може да купува валута по овој курс. Освен некои увозници на некои критични стоки. Ќе има пазарен безготовински курс, и ќе биде понизок од официјалниот, вклучително и со провизија од 30 %. И со оваа стапка, правните лица ќе можат да купуваат валута за нивните пресметки“, објасни економистот.
Малите и средните бизниси, како и населението на Руската Федерација, главно ќе го користат црниот курс, кој ќе биде многу послаб. На пример, сега официјалниот курс на рубљата во однос на доларот е поставен на 111. Ситуацијата на црниот пазар е сосема поинаква – 250-300 рубли за долар. Според Кушч, тоа и ќе продолжи понатака.
„Ќе има повторување на моделот на Советскиот Сојуз. Официјалниот, курсот на советската рубља во однос на доларот таму беше 67-68 копејки, а на црниот пазар можеше да се купи долар за 5-6 рубли. Тоа е форматот на една ваква квазипланска економија, каде девизите постојано ќе бидат дефицитарни“, рече економистот.
Санкциите ќе го покажат својот ефект
Кушч тврди дека санкциите само што почнуваат да се интензивираат, така што конечните бројки во однос на рубљата во однос на доларот сè уште не можат ни да се предвидат.
Рубљата ќе ослаби и затоа што руските енергетски компании постепено ќе бидат принудени да го напуштат пазарот на водечките земји, вклучително и европскиот.
„Ова е само почеток. Мислам дека врвот на слабеењето на рубљата ќе биде некаде наесен или за 3-4 месеци“, рече Кушч.
Банкротот не е далеку
На 16 март Русија е обврзана да плати камата на доларски обврзници во вредност од 117 милиони долари, но медиумите пишуваат дека руската влада одлучила да не ги плаќа во долари.
Затоа Блумберг предвидува три можни сценарија за банкрот:
- Руската Федерација сепак ќе плаќа камата во долари и малку ќе ја одложи должничката криза, но инвеститорите ќе чекаат исплати на доларски обврзници кои доспеваат на 4 април. Ако по втор пат доларите не се пронајдат однекаде, ова ќе биде датумот на можниот банкрот;
- Русија ќе ги отплати долговите во рубљи, што повеќето инвеститори ќе го разбере како банкрот бидејќи за тие обврзници не е предвидена исплата со таков вид на валута;
- Русија воопшто нема да плаќа камата, а потоа ќе започне грејс-период од 30 дена. Агресорот ќе мора да плати пред 15 април, а доколку тоа не се случи, ќе има класичен тврд банкрот.
Експертите, исто така, изјавија за “Сегодня” дека кинеските компании ќе почнат да ги пополнуваат сите економски ниши ослободени во Русија.
Превод: Жорж Димовски