ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Прилепскиот театар утре со премиера на „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски

March 18, 2022 16:30
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Прилепскиот театар во сабота премиерно ќе ја изведе претставата „Декамерон“  според Џовани Бокачо, во режија на Мартин Кочовски. Оваа е првата премиера годинава во театарот.

Како што објаснува режисерот Мартин Кочовски, во околности на глобална општествена безизлезност, неизбежно е да се занимаваме со „Декамерон“, со триумфот на волјата на човекот, наспроти ужасната, незамислива препрека кон среќата – смртта. „Декамерон“ е претстава полна со живот.

– Во оваа претстава станува збор за филозофската идеја за сакањето на животот, ценењето и радувањето на животот, додека сме сега и овде, а не некаде и некогаш. Мора да кажам дека талентот и посветеноста на екипата успеа да направат една од најважите работи што сум ги режирал. Затоа претставата  е биографска, интимна, многу важна за мене, додаде режисерот Кочовски.

Лидија Митоска Ѓорѓиевска целосно драматуршки го приспособи делото на Бокачо.

-Ова беше огромен предизвик за мене бидејќи ја правев целосната драматизација. Тоа е огромна задача. Во почетокот во процесот влегов со страв, но со секоја проба и на крајот ќе излезам со воодушевување. Понудивме едно современо читање на таканаречената „човечка комедија“ , која е различна од „Божествената комедија“, зашто овде човекот е во центарот. Се среќаваме и со комични и со трагични ситуации, но и со натприродни нишки. Се занимаваме со комплексни меѓучовечки односи, со кревкоста наспроти нашата издржливост и со очајот во кој некогаш нѐ фрлаат животот и светот. Се занимаваме и со нашата способност повторно да најдеме радост, посочи Митоска Ѓорѓиевска.

За актерот Александар Степанулески, во ова време на „темно“ живеење, повеќе од добредојдена е претставата „Декамерон“.

-Како театарска екипа со режисерот Кочовски се во добар „брак“ веќе 15 години, со љубов соработуваме. Кога станува збор за претставата „Декамерон“, би рекол дека по темен среден век, се создаде ренесанса во која народот сакаше и водеше љубов отворено, се противеше на „божјите закони“. Но, секој век подоцна, до денес, имаше, и има „свој темен среден век“. Ние само што излеговме, или сѐ не, од еден „темен среден век“ и добредојдена е потребата да се направи „Декамерон“ од каква било причина: сексуална, животна, животно-изворна. Издвоено е сето што му треба на човекот на овој земен свет, изјави Степанулески.

Актерката Наташа Ачански потенцира дека во оваа претстава на Кочовски има силни емоции.

– Одлично работевме, ја имаме одличната соработка веќе 15 години со режисерот Кочовски. Овојпат нема кревање на железа, гласна музика, но има многу силни емоции. Обработуваме дел: што може човек да посака, колку е слободен да каже што сака, што го прави среќен. Мислам дека сето тоа ќе успееме да го доловиме во претставата и да ѝ го пренесеме на публиката, додаде Ачански.

Сценографот Филип Јовановски смета дека сценографијата во претставата повеќе зборува „во слики“.

– За темата – ренесанса со режисерот сме размислувале со години, сега се даде шанса да ја оствариме во претставата „Декамерон“ и да ја преточиме во „театарски јазик“ : Многу е различна со другите претстави на Кочовски со сценографските решенија и повеќе „зборува“ во слики. Со сценографијата произведуваме слика како дополнување на актерската игра, рече Јовановски.

Во претставата „Декамерон“ изграат Александар Степанулески, Александар Тодески, Ангела Наумоска, Андон Јованоски, Димитар Ѓорѓиевски, Димитар Црцороски, Здравко Стојмиров, Игор Трпчески, Илија Волчески, Леонардо Лазов, Марија Спиркоска Илијеска, Михајло Миленкоски, Наташа Ачански, Сара Спиркоска и Цветанка Чавлеска.  Драматизацијата е на Лидија Митоска Ѓорѓиевска, сценографијата на Филип Јовановски, костимите се на Јулијана Војкова Нојман.

Next Post

Ковачевски-Аксинте: Позициите на линија на ЕУ и НАТО се уште една потврда дека местото на Северна Македонија е во ЕУ

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk