На вториот ден од пролетта во Струмица го отворивме првиот зелен лавиринт, најголем во државата, сподели Костадинов на Фејсбук.
„Лавиринтот е долг 190 метри на површина од 625 метри квадратни. Идејата е на децата, поддржана од мене, како градоначалник, а реализирана од ЈПКД „Комуналец“. Испраќаме силна порака: за чиста Струмица ни треба висока еколошка свест и многу работа. Од срце за поубава и почиста Струмица“, стои во статусот.