Единиците на руските маринци кои се подготвуваа за напаадот не Одеса, беа ликвидирани од вооружените сили во близина на Миколајев и Мариупол, пренесува Укринформ.
Како што пренесува Укринформ, ова на Фејсбук го објавил портпаролот на оперативниот штаб на регионалната воена управа на Одеса, Серхиј Братчук.
„Маринците кои требаше да стигнат (да се искрцаат) на брегот и да ја нападнат Одеса, беа совладани во близина на Миколајев и Мариупол. Со остатоците ќе ги нахраниме биковите во Црното Море. Тоа е судбината на секој напаѓач“, рече Братчук.
На 21 март два руски брода гранатираа во близина на брегот на Одеса, при што беа оштетени неколку приватни домаќинства и една висококатница. Немаше жртви, а украинските вооружени сили отворија оган како одговор и ги избркаа од брегот.
На 24 февруари, рускиот претседател Путин започна целосна инвазија на Украина. Руските трупи гранатираат и уништуваат витална инфраструктура, спроведуваат масовно гранатирање на станбени области на украински градови и села користејќи артилерија, ракети и балистички проектили.
Обработка: И. З.