До утрото на 23 март, руските војници убиле 121 дете во Украина, а раниле повеќе од 167 , објави Укринформ, според податоците на Канцеларијата на јавниот обвинител.
„До 28-от ден од руската агресија во Украина загинаа 121 дете. Повредени се 167 деца. Има повредени деца во Киевската област, Харков, Доњецк. Чернихив, Миколаев, Житомир, Херсон, Суми…“, пишува во соопштението на .Канцеларијата на јавниот обвинител.
Во регионот на Доњецк, руската војска продолжува да ги гранатира градовите и станбените населби. Од руско оружје загинаа 9-годишно девојче и 14-годишно момче, а три деца се повредени.
На 17 март, руските агресори безмилосно го убиле таткото на многудетното семејство пред очите на нивниот 14-годишен син. Момчето се здобило со рани од куршуми.