Еден од најпопуларните светски веб портали Goal.com, на нивната фејсбук страница прикажувајќи фотографии од славењето на македонските фудбалски репрезентативци и од македонските навивачи после победата над Италија во Палермо, ќе напише: Само фудбалот може да предизвика вакви емоции
Македонската репрезентација ја совлада Италија со 1-0 (0-0) и обезбеди пласман во финалето од баражот за пласман на Мундијалот 2022 против Португалија на 29 март. Поранешниот играч на Палермо, Александар Трајковски во 92 минута ја донесе најголемата победа во историјата на македонскиот фудбал на стадионот „Ренцо Барбера“во Палермо.
Ј. Ѓ.