Економистот и автор Андрес Аслунд на својот Твитер профил објави видео на кое може да се види неверојатната храброст на украинскиот народ. Невооружени граѓани стојат пред руски војници кои држат вперени автоматски пушки и ја пеат Украинската химна.
Extaordinary! What courage! https://t.co/2NRLswyOfs
— Anders Åslund (@anders_aslund) March 24, 2022
Не е прецизирано каде се одвива настанот, а видеото е објавено во текот на вчерашниот ден на социјалната мрежа ТикТок.
Андерс Аслунд е познат шведски економист. Тој е автор на кигата Russian Crony Capitalism или „Рускиот стар пријател Капитализмот’“ (Патот од пазарна економија до клептократија). Аслунд е поранешен виш соработник во Атлантскиот совет и актуелен претседател на Меѓународниот советодавен совет во Центарот за социјални и економски истражувања (CASE).
Според Википедија, неговата работа се фокусира на економската транзиција од централно планирани кон пазарни економии. Аслунд служеше како економски советник на владите на Киргистан, Русија и Украина, а од 2003 година беше директор на Руската и Евроазиската програма во Фондацијата Карнеги за меѓународен мир.
Аслунд беше поборник за рани, сеопфатни и радикални економски реформи во Русија и Источна Европа.
Тој работеше во Институтот за меѓународна економија Петерсон од 2006 до 2015 година. Во 2013 година, Дејвид Фрум напиша дека „Андерс Аслунд од Институтот Петерсон е еден од водечките светски експерти за колапс на планираната советска економија“.
Обработка: И. З.