Михајло Подољак, советникот на украинскиот претседател, Володомир Зеленски на Твитер објави видео со понови и постари говори на руски пропагандисти и челници, меѓу кои и самиот претседател на Руската Федерација, Владимир Путин. Во описот Подољак напиша: Европа мора да сфати дека војната против Укркаина е почеток на големиот деструктивен пат на инвазија на Руската Федерација. Руската пропаганда вели дека Европа треба да се стави на колена токму сега. На ист начин, руската пропаганда зборува за потребата да се уништи Украина. Заклучокот е очигледен.
Europe must realize that the war against ?? is the beginning of the great destructive path of invasion by RF. ?? propaganda proved why Europe needs to be brought to its knees right now. In the same way, ?? propaganda speaks of the need to destroy ?? now. The conclusion is obvious pic.twitter.com/DLD3WUCiPM
— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) March 22, 2022
Видео снимката е компилација од повеќе гласноговорници и бранители на руската кауза и нејзините дејствија од минатато, анексијата на Крим во 2014, па се до денес. Во видеото има говори и излагања на уредници на про-Кремљ медиуми, но и на на самиот Путин.
Водителот и тврдокорен поддржувач на Путин, новинарот и водител Владимир Соловјов, кој има своја дебатна емисија на Россија 1 со наслов „Недела навечер со Владимир Соловјов“, вели дека Украина е само почеток.
„Ако мислите дека ова ќе запре во Украина, помислете повторно. Да ве потсетам дека Украина е само средната фаза во обезбедување на стратешка цел на Руската Федерација. Наскоро ќе изгубиме трпение и ќе лансираме нешто тешко кон Вашингтон и Лондон“, вели Соловјов.
Тој во неговата дебатна емисија тврдеше дека Руската Федерација се бори против цел Запад.
Во ноември минатата година, лидерот на Либерал-демократката партија на Русија и пратеник во Руската Дума, Владимир Жириновски, изјави дека Полска си игра со оган.
„Полска си игра со оган. Имаше три поделби на Полска. Четвратата ќе биде последна“, вели Жириновски.
Во еден постар говор, актуелниот претедател Владимир Путин, најверојотно при посета на деца во Кремљ, вели дека Русија е безгранична.
„Границите на Русија се протегаат до бескрај“, вели Путин.
Во дневникот на една руска телевизија, спикерот вели дека руските подморници имаат капацитет да лансираат повеќе од 500 нуклеарни боеви глави, што гарантира уништување на Соединетите Американски Држави и сите земји на НАТО да се дигнат.
„Ова го објасува нашeто начело „зошто ни е потребен светот, ако Русија не е дел од него“. Целата руска тријада е насочена кон режим на специјална борбена должност“, вели спикерот.
На друга снимка се зборува дека е дискутирано и за заробување/окупирање на Балтичките земји.
Водителот на Россија 1 вели: Русија е единствената држава во светот која е способна да ги претвори САД во радиоктивен пепел.





