ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

За кого си, за Русија или за Украина?

March 25, 2022 08:54
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Прашањето „За кого си“ има долга традиција на Балканот и тоа претежно во негативна конотација, затоа што од тоа каков одговор ќе си дадел си можел да не се разбудиш дома, ако воопшто си имал и „среќа“ да се разбудиш.

Државите на просторот на поранешна Југославија, сосе Македонија, биле често на политичко распаќе, па оттаму и народите биле ставени во искушение да одлучуваат за политичката иднина на земјата. Но изборот што бил ставен пред нив не бил секогаш лесен, ниту доброволен. Најтежок бил изборот по завршувањето на Втората светска војна кога Тито ги раскинува врските со Сталин и Русија. Тогаш од животно значење било прашањето „дали си за Тито или за Сталин“. На не мал број наши сограѓани тогаш изборот им бил за вториот од двајцата и за жал завршија во затвори или на островот што се викаше Голи оток.

Неколку децении подоцна кога Тито во надворешната политика се повеќе се оддалечуваше од Мајка Русија, а во корист на Америка, повторно граѓаните почнаа да се прашуваат меѓу себе „За кого си“? Овој пат изборот беше дали си за Русија или за Америка. И тогаш не мал број луѓе се определуваа за Русија, но овој пат немаше такви реперкусии за нив како пред тоа.

Од тогаш наваму многу вода протече низ Вардар, но ништо не се смени во менталитетот на многу наши сограѓани и Русија остана константа во нивните уверувања, без разлика што државата пловеше кон запад, независно која политичка гарнитура била на власт и кое општествено политичко уредување било на сцена.

Едноставно како со умот да бевме на Запад, но со душа на Исток, иако во тоа време „Истокот веќе не отпиша, а Западот не не запишуваше“

Сега сме членка на НАТО, определба на сите политички партии од осамостојувањето до ден денешен. И на левите и на десните. Што значи, тие ја искажале волјата на сите граѓани на Македонија кога ја носеле Декларацијата за членство.

Но види чудо. Денес кога се соочуваме со војна во Европа, кога Путин од само нему познати причини ја нападна Украина, нашиот народ во значителна мерка повторно „навива“ за Русија.

Какво е тоа лицемерие да седиш во НАТО, а да се залагаш за Варшавски пакт.

Веројатно станува збор за феномен кој бара подетална научна анализа за која јас не сум подготвен во оваа колумна да одговорам. Но со сигурност можам да кажам дека станува збор за заблуда која Македонците  од некаква потреба си ја негуваат свесно. Затоа што непобитен факт е дека нема многу Македонски граѓани кои својата подобра иднина си ја побарале во Русија. Нашата традиција од века ги испраќала нашите печалбари на запад во Америка, во Австралија и Канада. Дури и самите Руси во времето на СССР гледале да избегаат и да побараат азил во Америка.

За иронијата да биде поголема се покажа дека дури и во Украина има повеќе наши сограѓани одошто во Русија.

Вистинскиот избор во вистинско време е најважната геостратешка одлука што некоја власт ја носи во името на сите граѓани, поради што и последиците од таквиот избор се далекусежни и ненадоместиви доколку се одбере погрешната страна. Во Втората светска војна ние застанавме на страната на антифашистичкиот сојуз и направивме правилен избор. Некои наши соседи ја одбраа другата страна и ден денеска им е криво што ги нарекуваат фашистички окупатор, па бараат историски коректор за да бидат- административци.

Денска сме на страната на НАТО и на ЕУ и со тоа сме одлучиле да го осудиме агресорот, а да застанеме зад самоопределувањето на една држава.

Ако не за друго затоа што и ние сме се самоопределиле и не сакаме да бидеме агресирани на било кој начин од друга држава.


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Поранешниот шеф на МИ6, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

July 11, 2025

Населението на ЕУ достигна рекордно високи 450 милиони поради миграциите

July 11, 2025

Лариса Дир: Европскиот суд ги призна системските прекршувања на човековите права од страна на рф

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk