САД ќе потрошат 6,9 милијарди долари за да и помогнат на Украина да се одбрани од руската инвазија и да ги поддржи земјите-членки на НАТО според предлог-буџетот што администрацијата на претседателот Џо Бајден го објави денеска, јавува ЦИВИЛ.
Средствата ќе ја претставуваат последната распределба на одбранбената помош на Вашингтон по руската инвазија врз нејзиниот сосед минатиот месец и ќе бидат искористени за „зголемување на способностите и подготвеноста на американските сили, сојузниците на НАТО и регионалните партнери во лицето на руската агресија“, соопшти Белата куќа.