Уметникот и графички дизајнер Зоран Кардула, објави дека на 15 април 2022 година ќе има изложба во Македонскиот културно-информативен центар во Тирана.
„Драги пријатели да ве поканам ако сте во можност бујрум на моја изложба во Тирана. Голема благодарност на Ориѓански Златко за поканата.
Никогаш не сум бил во Албанија и баш ми е кеф дека ќе одам, а и плус дел од моите претци имаат корени од таму“, пишува Кардула.
Македонскиот културно-информативен центар во Тирана и нејзиниот прв човек, Златко Ориѓански, ги уриваат бариерите и предрасудите и ги искачуваат пријателските односи меѓу Северна Македонија и Албанија на едно повисоко, европско ниво.
Во неодамнешното интервју за Фронтлајн, Ориѓански ја најави изложбата на Зоран Кардула.
„Овие неколку следни месеци, овде ќе направам концерт на Влатко Стефановски во Тирана, кој никогаш не настапил во Албанија, потоа, концерт на гитаристот Мухамед Ибраими во Корча, изложба за Зоран Кардула, промоција на книга од Јордан Плевнеш која е преведена на албански… Овде ќе стасаат и 20 монаси од манастирот Бигорски. Со нив ќе го покажеме нашиот начин на византиски, црковно словенски пеења”, рече Ориѓански.
Ј. Ѓорѓиоски