Според извештаите кои редовно ги добиваме, нашата безбедносна состојба е стабилна и во моментот нема никакви индиции за директни напади врз нас од безбедносен аспект, одговори на прашањата од Фронтлајн министерката за одбрана Славјанка Петровска, по презентацијата на новиот интерен систем за управување со јавните набавки во Министерство за одбрана.
Петровска истакна дека една од големите клучни придобивки е тоа што Република Северна Македонија има капацитети да ја гарантира сопствената безбедност.
Тоа е едно од главните придобивки затоа што НАТО е политичко-воен сојуз. Една од големите клучни придобивки е тоа што Република Северна Македонија има капацитети да ја гарантира сопствената безбедност. Дел е од колективниот систем за безбедност на НАТО Алијансата. Нашата безбедносна состојба е стабилна, тоа се извештаите кои редовно ги добиваме, од службите и институциите задолжени за редовно информирање. Нема во моментот никакви индиции за директни напади врз нас од безбедносен аспект.
Министерката Петровска потенцираше дека Република Северна Македонија како дел од НАТО Алијансата, но и генерално како држава на Балканот континуирано се наоѓа под некаков притисок или потенцијална закана.
Република Северна Македонија како дел од НАТО Алијансата, но и генерално како држава на Балканот континуирано се наоѓа под некаков притисок или потенцијална закана. Засега не се регистрирани упади од таков аспект или било какви посериозни дејствувања. Се разбира дека институциите кои се задолжени во државата, редовно на дневно ниво известуваат и се справуваат со помали облици на таквии појави.
М. А.