ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Обезбедена нова финансиска помош за 1000 лица од ранливите категории, Црвениот Крст останува наш партнер во грижата за граѓаните

March 30, 2022 18:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити, денеска ја најавија новата финансиска поддршка наменета за 1000 корисници на Гарантирана минимална помош, во чии домаќинства има член над 69 години.

Тие информираа дека овие лица ќе добијат еднократна помош во висина од 4.685 денари, средства наменети за покривање на здравствените трошоци предизвикани од староста, болеста, видот и степенот на попреченост, обезбедување на основни средства за домаќинството или да се задоволат други потреби кои ги имаат овие корисници.

Финансиската  поддршка се реализира во рамки на проектот „Зајакнување на отпорноста на стари лица и лица со попреченост во време на Ковид 19 и идни катастрофи“, на Црвениот крст на Република Северна Македонија подржан од Европската Унија, Австриска Агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.

Министерката Тренчевска истакна дека Министерството за труд и социјална политика континуирано работи на унапредување на социјалните права и услуги во државата, со цел да обезбеди заштита и да ги подобри условите за живеење на сите граѓани во државата, со акцент на најранливите категории.

„Оваа Влада ја воведе Гарантираната минимална помош, со што значително се зголемија трансферите кон семејствата кои имаат ниски или воопшто немаат приходи, се воведе универзален детски додаток, со кој бројката на деца корисници на ова право се зголеми од 3.724 на 21.886, се воведе додатокот за образование за децата и во основно и во средно образование и со тоа бројката на корисници се зголеми од 3.800 на 28.749, се воведе таканаречената социјална пензија, а надоместокот за скратено работно време се зголеми на висина на 50% од просечната нето плата и постојано се работи на развој на нови услуги,“ рече Тренчевска.

Таа се осврна и на најновите мерки, креирани како одговор на здравствената и енергетската криза и случувањата во Украина. Финансиска поддршка од 1000 денари во наредните три месеци за околу 36.000 граѓани од ранливите категории и  330.000 пензионери во државата. Истовремено, бележиме и раст на минималната плата на 18.000 денари.

Генералниот секретар, Саити информираше дека, корисниците на Гарантирана минимална помош се мапирани во соработка со Министерството за труд и социјална политика, и се семејства кои се социо-економски ранливи и лица со попреченост.

„По исплатата на финансиската помош, која треба да се реализира до 31 март, волонтери на Црвениот Крст ќе ги посетат сите 1000 семејства, со цел да се процени употребата на финансиската помош обезбедена преку проектот во месеците април и мај.

Министерката Тренчевска изрази благодарност до Црвениот Крст на Република Северна  Македонија, кои се секогаш тука да и помогнат на државата во справување со кризни состојби и да обезбедат помош и поддршка на најранливите категории во општеството.

При денешната посета на Црвениот Крст, министерката Тренчевска го посети и Центарот за обуки на Црвениот крст на Северна Македонија, каде се спроведуваат обуки согласно 4 верификувани програми, за негователи за помош и нега во домот, лична асистенција на лица со попреченост, палијативни негователи за изнемоштени лица и асистенција за нега на лица со алцхајмерова болест.

 

 

Next Post

Православни 46.14 проценти, муслимани 32.17 , кaко изгледаат бројките од пописот според религиска припадност?

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Вашингтон распоредува флота и бомбардери во Карибите – официјално „против дрога“, неофицијално против Мадуро

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk