ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Граѓанскиот суд пресуди: „Од нас за нас“ на Гордана Гоџо е одговорна за клевета против ХЕРА

March 31, 2022 13:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Вистиномер.мк

Вистиномер.мк

Share on FacebookShare on Twitter

На 3 февруари 2022 година, Граѓанскиот суд Скопје донесе пресуда против Здружението „Од нас за нас“ за сторена клевета против ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација поради континуирано изнесување невистинити факти за самата организација и за сеопфатното сексуално образование преку неговата Фејсбук-страница. Поточно, Граѓанскиот суд потврди дека невистините изнесени од страна на „Од нас за нас“ се штетни за угледот на ХЕРА како организација која повеќе од 20 години работи на подигање на јавната свест, особено кај младите, за важноста од добивање научно-засновани информации за нивната безбедност, благосостојба и репродуктивно и сексуалното здравје. Токму поради ова, Судот го задолжи Здружението да ја отстрани лажната содржина од својата Фејсбук-страница.

Судот постапуваше по тужба за утврдување граѓанска одговорност за навреда и клевета што ХЕРА ја поднесе лани, по првиот бран лажни и манипулативни информации за неа и за сеопфатното сексуално образование што се појавија во одредени групи на социјалната мрежа Фејсбук. Оттогаш вакви невистинити информации се креираат и споделуваат уште поактивно со една единствена цел – да се предизвика страв и паника кај граѓаните, поради што Судот одлучи дека треба да бидат отстранети од социјалните мрежи.

Оттука, апелираме до сите граѓани, а особено до родителите и младите да ги земат со голема доза на претпазливост и да ги проверуваат сите информации коишто на Фејсбук ги споделуваат здружението „Од нас за нас“ и нему сличните. Иако се претставуваат како заштитници на правата на децата, нивните објави за сеопфатното сексуално образование се полни со ксенофобија, расизам и нетолеранција и се базирани на теории на заговор поради што го загрозуваат јавното здравје и се косат со правото на децата да имаат пристап до точни информации, како и до знаења и вештини кои во иднина ќе им овозможат да бидат побезбедни и поздрави.

Од неодамна овие чинители се дел и од т.н. Коалиција за заштита на децата меѓу чии партнери има организации и политички партии коишто се против правото на абортус и репродуктивната слобода, како и лице за кое Комисијата за спречување и заштита од дискриминација веќе даде мислење дека сторило продолжено и повеќекратно вознемирување, со што се поттикнува омраза кон одредена маргинализирана група во општеството. 

Потсетуваме дека сеопфатното сексуално образование придонесува во заштитата на здравјето и за правилен емоционален развој на младите. Преку него, младите стекнуваат информации за своите граѓански права и за правата на сите останати граѓани во земјата, учат како да препознаат и да се заштитат од вознемирување и насилство, вклучително и на интернет. Учат и што значи да постои рамноправност меѓу мажите и жените и како да се грижат за своето сексуално и репродуктивно здравје. Сеопфатното сексуално образование е препознаено и од многу меѓународни организации, Советот на Европа и агенциите на ООН како неопходно во борбата против родовите стереотипи и насилството врз жените и децата, но и како образовна алатка за заштита на здравјето, заради што и фигурира во низа препораки што ѝ се дадени на нашата земја. Дека овие теми се суштински важни за развојот на децата потврдуваат и нашите истражувања и искуства од терен, собрани преку долгогодишната програма за неформално сеопфатно сексуално образование и тоа не само од младите, туку и од родителите и наставниците. 

Токму затоа, ХЕРА ќе продолжи да следи како се објавуваат содржини за сеопфатното сексуално образование на социјалните мрежи и силно ќе се спротивстави на какви било лаги, манипулации и теории на заговор кои, на крајот на краиштата, најмногу им штетат токму на децата и младите. 

Извор: Хера

Next Post

Австралија со нови 18,7 милиони долари за оружје, храна, лекарства за Украина

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Филипче: Македонија доби најлош извештај од ЕУ во последните 10 години

November 5, 2025

„V for Vendetta“: Како Лондон стана сцена на забранетата револуција и моќта на „Запомнете го петти ноември“

November 5, 2025
Фото: „Или-Или“

„Ноември“ – дебитантска стихозбирка на Игор Анѓелков

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk