Со цел правилно евидентирање и документирање на воените злосторства и злосторствата против човештвото извршени од страна на руската армија во Украина, Канцеларијата на Јавниот обвинител го создаде ресурсот https://warcrimes.gov.ua, главна државна платформа за собирање докази, пишува на Фејсбук страната на Амбасадата на Украина во Северна Македонија.
„Со цел правилно евидентирање и документирање на воените злосторства и злосторствата против човештвото извршени од страна на руската армија во Украина, Канцеларијата на Јавниот обвинител го создаде ресурсот https://warcrimes.gov.ua, главна државна платформа за собирање докази.
На соодветната веб-страница, секој, користејќи чекор-по-чекор инструкции, може брзо, според јасен и разбирлив алгоритам, да обезбеди информации со фото и видео докази чии злосторствата некоја личност ги посведочила или претрпела. Системот гарантира целосна заштита на личните податоци“, пишува во објавата.