ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Телма: Непознато летало кај скопското село Бујковци, полицијата го обезбедува местото

April 1, 2022 22:59
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Полициски екипи вечерва се во околината на селото Бујковци, каде жителите пријавиле дека виделе непознато летало со бела боја, кое летало многу ниско над нивите околу селото и претпоставувале дека се урнало, објави Телма.

На новинарските екипи не им е дозволен пристапот до местото кое го обезбедува полицијата и врши увид. Според првичните информации, жителите на Бујковци, кое се наоѓа во непосредна близина на рафинеријата „Окта“ и Скопскиот аеродром, тврделе дека се работи за беспилотно летало, односно дрон.
Се работи за летало кое не е пријавено во Агенцијата за цивилно воздухопловство – во моментот на пријавување на инцидентот, според информациите на Телма, немало ниту еден пријавено летало во воздух на територија на цела Македонија. Исто така немало пријавени информации за дронови, особено поради тоа што во реонот околу аеродромот е забрането летање со беспилотни дронови.

Сите авиони од редовните авиолинии се слетани на аеродромот Скопје без никаков проблем, велат од АЦВ за Телма. Поради реновирање на пистата, поголем дел од слетувањата се одвиваат во доцните попладневни и ноќни часови.

Веста за наводен пад на воздухоплов ја пријавиле локалните жители на селото Бујковци, а пријавата ја упатиле до МВР, додека слични јавувања имало и во Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Извори од МВР потврдуваат дека по пријавата, и нивни претставници го проверувале атарот на селото, но не нашле ништо. Поради дождот, облаците и веќе спуштената ноќ, не е возможна воздушна проверка на теренот со хеликоптери.

Засега нема официјално известување дали нешто е откриено и за што станува збор.

Next Post

Ковачевски: Да немавме мерки граѓаните ќе плаќаа 1.500 повеќе за храна и над 2.000 денари за струја

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk