Украинските власти тврдат дека повеќе од 30 населби во околината на Кијив, што беа под контрола на руските сили, се вратени под украинска контрола, пренесува МИА.
Исто така се наведува дека повторно е воспоставена контрола врз градовите Буча и Бровари, што се лоцирани во близина на главниот град на Украина.
Руските сили денеска се повлекоа и од клучниот аеродром Хостомел во близина на Кијив.
Русија претходно оваа недела соопшти дека драстично ќе ги намали своите воени операции околу Кијив и Чернихив и дека се очекува руските сили да се прераспоредат во источна Украина.