Украинското обвинителство денеска соопшти дека воениот фоторепортер Макс Левин е убиен во Кијив.
Левин од 13 март се водеше како исчезнат, а вчера е пронајдено неговото безживотно тело во селото Хута-Межихриска, во близина на Кијив.
Фоторепортерот во подрачјето на Кијив бил со друг новинар, Алексеј Черњишов, а кого нема податоци каде се наоѓа.
Левин беше роден во Кијив во 1981 година и е татко на четири деца. Работеше како фоторепортер за голем број украински и странски медиуми. Неговите фотографии ги преземаа Ројтерс, Би-Би-Си, АП и други.
Левин е петти украински новинар, по инвазијата на Русија.