пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Масакрот во Буча го чувствувам како свој пораз. Ме срози, емиционално ме порази она што го видов и што се случувало на улиците во Буча, близу Кијив, во Украина, во Европа, на 1.000 километри од тука.
Не ми го расипа викендот, туку ме о т е п а!
Ме отепа помислата од тоа дека руски војници од мајки родени, додека се повлекувале од Буча, ладнокрвно или во бес пукале и убивале цивили покрај улиците, во дворовите…
Можам само да си замислам – онака си решетеле со автоматите сè живо на што налетале. Некои и со врзани раце, претходно мачени. Подвижни беспомошни мети од луѓе. Не е тоа неможење да се прифати дека мора да се повлекуваат. Не е тоа наредба која морало да ја почитуваат. Тоа е ѕверство. Тоа е она што руската агресија врз Украина всушност и è – масакр и ѕверство.
Ми се погоди да бидам дежурен на деск и да ви ги пренесам сите тие слики, сите тие видеа.
Ќе ми простите, но, нема да ви се извинам зашто ви го заебав неделното попладне со фоторафии и видеа од убиени и оставени тела по улиците на Буча.
Мора да се соочиме со тие слики. Мора да се соочиме со внатрешниот крик на немоќ и да се спротиставиме на млакиот молк од светот. Да вреснеме, побогу!
Новинарска должност ми беше и да ги објавам сите тие силни реакции на светските лидери. Тие биле згрозени. Тие биле вџашени во неверување. Ќе преземеле мерки. Ќе засилеле санкции. Ќе ги осуделе злосторниците.
Гонете се у пичку матер!
Преку кур од вашата згрозеност, разочараност и вџашеност. Преземете нешто конкретно – Дајте им оружје на луѓето да се бранат. Откажете се од топлите домови и задоволете се со млаки радијатори, и секнете му ги парите, ако тоа е цената да се запре лудакот од Кремљ. Откажете се од раатот во име на жртвите од Буча и Украина и удрете силно по злосторникот.
Ако масакрот во Буча е цената да нема нуклеарна војна со која се заканува идиотот, тогаш не ви ја прифаќам таа жртва.
Светот, не смее да е подготвен на вакви масакри во 21. век. Јас не сум подготвен.