Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека извршила „геноцид“ во Украина со цел да ја истреби „целата нација“, еден ден по откривањето на голем број тела на улиците на градот Буча во близина на Киjив по повлекувањето на руските сили.
Во денешното обраќање, Зеленски повикува да им се стави крај на воените злосторства на руската војска.
„Светот веќе виде многу воени злосторства. Во различни времиња. На различни континенти. Но, време е да се направи се за воените злосторства на руската војска да станат последна манифестација на такво зло на земјата. Сите виновни за такви злосторства ќе бидат запишани во посебна книга на џелати. Ќе биде пронајден и казнет“, вели Зеленски
Во изјава за Си-Би-Си, Зеленски вели дека ова е геноцид, истребување на сите националности од Украина.
„Да, тоа е геноцид. Истребување на целата нација и народ, ние сме украински граѓани. Имаме повеќе од сто националности. Ова е уништување и истребување на сите овие националности“
Зеленски ја повика Русија „целосно да ги повлече своите сили“ со цел „барем“ да се врати на ситуацијата пред 24 февруари, кога започна руската инвазија. „Ова ќе ни овозможи да започнеме да разговараме за други прашања за ставање крај на окупацијата, како ќе живееме потоа“, додаде Зеленски.
J. Ѓ.