ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Акциската програма за 2023 година во рамките на ИПА III со вредност од близу 108 милиони евра

April 4, 2022 20:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа првиот од двата состаноци на ИПА Програмската мисија за 2023-2024 година, на кој присуствуваа претставници на Генералниот директорат на Европската Комисија за соседство и преговори за проширување (ДГ НЕАР) и претставниците на министерствата, jaвува МИА.

Како што соопштија од владината прес-служба, воведно обраќање имаше домаќинот на настанот, вицепремиерот задолжен за европски прашања и Национален ИПА координатор, Бојан Маричиќ во кое истакна дека веќе е започнато програмирањето на Акциската програма за 2023 година во рамките на ИПА III, што тој го гледа како можност плус за финансирање на националните инвестициски приоритети, кои се во согласност со економскиот и инвестицискиот план, како и Зелената агенда.

– Процесот на програмирање ќе резултира со добро осмислена програма од близу 108 милиони евра, што е во согласност со инструкцијата за добивање +20 проценти од доделените средства во 2021 година, рече Маричиќ додавајќи дека ИПА фондовите носат големи придобивки за граѓаните и оти несомнено тоа е една од најуспешните приказни на процесот на европска интеграција.

Презентација на состанокот имаа и гостите од ДГ НЕАР, кои во текот на првиот ден од оваа мисија информираа за најновите случувања на правилата и процедурите на ИПА.

Утрешниот ден ќе биде посветен на презентации на нашите институции за приоритетните проекти кои се релевантни и зрели да бидат предложени во рамките на Годишната акциона програма за 2023 година.

Вицепремиерот и Национален ИПА координатор на состанокот укажа на чекорите што беа преземени во претходниот период со цел да се даде рамка на дијалогот за креирање политики што треба да ги обликува не само програмите на ИПА, туку и другата донаторска помош.

Целта на мисијата е размена на мислења за Инструментот за претпристапна помош – ИПА III, првенствено за правната рамка и институционалните барања, како и инструкции за критериумите за подобност и комплементарноста на регионалните ИПА програми, вклучително и Инвестициската рамка за Западен Балкан – WBIF.​

Next Post
Фото: МИА

Симовски: Направена е техничка грешка, но е коригирана и се извинивме за тоа

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk