ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

МФ ја следи реализацијата на капиталните инвестиции со КАПЕФ механизмот – во првиот квартал резервирани 558 милиони денари

April 5, 2022 17:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за финансии (МФ) втора година го следи процесот на реализација на капиталните инвестиции од страна на буџетските корисници преку воспоставениот КАПЕФ механизам, уреден во Законот за извршување на Буџетот на РСМ за 2021 и Законот за извршување на Буџетот на РСМ за 2022, кој предвидува награда за оние што ги реализираат своите планови согласно утврдените критериуми. Информацијата за реализација на капиталните инвестиции во првиот квартал од 2022 година денеска беше усвоена од Владата, jaвува МИА.

Согласно КАПЕФ механизмот буџетските корисници треба да имаат реализација на крајот на првиот квартал најмалку 15 отсто, од планираните капитални расходи, на крајот oд вториот квартал 40 отсто и на крајот од третиот квартал 65 проценти. Доколку не ги постигнат овие лимити, средствата се резервираат за капитални расходи во рамките на буџетот на буџетскиот корисник, без право на трошење.

-Доколку буџетските корисници од централната власт заклучно со вториот квартал во тековната година реализирале 40 отсто од капиталните расходи на ниво на потпрограма и ставка од донесениот основен буџет со вклучени прераспределби на средства, односно заклучно со третиот квартал во тековната година реализирале 65 проценти од капиталните расходи на ниво на потпрограма и ставка од донесениот основен буџет со вклучени прераспределби на средства, прераспределените средства им се враќаат, наведува Министерството.

На предлог на Владата, за користењето на средствата од резервираните капитални расходи, кои не се вратени одлучува Собранието на Република Северна Македонија со Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите или со донесување на измени и дополнувања на Буџетот.

-За министерот за финансии Фатмир Бесими тоа е веќе воспоставен систем, кој е познат на сите буџетски корисници и кои знаат дека доколку не го остварат поставеното ќе им бидат резервирани средствата. КАПЕФ механизмот се применуваше и во 2021 година и тој позитивно влијаеше на реализацијата на капиталите инвестиции во овие години, во кои се соочувавме и со криза. Така што податоците покажуваат на крајот на 2021 година има gреализација од 79 отсто од планираните капиталните расходи, дополнително што и во апсолутен износ капиталните инвестиции беа повисоки од претходните години. Имено, во 2021 беа реализирани 23,4 милијарди денари капитални инвестиции, велат од МФ.

Во првиот квартал од оваа година се реализирани 12,9 отсто од планираните капитални расходи. Во првите три месеци, односно од 1 јануари до 31 март 2022 година се реализирани 4,9 милијарди денари што претставува 23,5 отсто повеќе споредено со истиот период или за близу 1 милијарда повеќе.

Врз основа на примeната на КАПЕФ механизмот е утврдено дека буџетските корисници имаат неискористени 558 милиони денари, кои ќе им бидат резервирани.

На буџетските корисници од централна власт на кои им биле резервирани средствата, кога ќе реализираат 40 отсто од капиталните расходи од планираните во буџетот, Министерството за финансии ќе ги врати средствата во програмите и ставките од каде се прераспределени.

-Како Влада остануваме посветени на реализација на капиталните инвестиции и покрај актуелната енергетска криза и потребите за одговор на намалување на влијанието од неа, за кое беше донесен пакетот од 26 мерки. Реализацијата на капиталните инвестиции значи постигнување повисоки стапки на раст и подобар животен стандард на граѓаните, велат од МФ.

Next Post

Гутереш: Руската инвазија на Украина е еден од најголемите предизвици за меѓународниот поредок

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk