ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нова коцкарска анкета која провоцира нов државен удар

April 5, 2022 12:53
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Која е логиката на ВМРО-ДПМНЕ со денешната коцкарска анкета? Кога ќе им излезат скандалите инсталирани од претходниот режим – становите на Водно, аферата „Титаник“ – прават лажни анкети дека тие се најдобри, најумни и најпаметни во државата, и само што народот не им се фрлил во прегратка.

Така, драги пријатели, работи популистичко-авторитарна партија. Легитмно, некој ќе рече, и уште може да рече: ние ќе правиме како што ние сакаме, и шлус! Добро, и тоа е легитимно, ама мошне опасно. Во што е опасно, море, Јовановиќу? Опасното е во лажењето.

Анкетата која утрово излезе, како слон се гледа дека ја прилагодиле во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа, тоа воопшто не е никаков проблем. Неволјата има сосема начелна природа која ќе произведе многу реални последици.

Имено, не е овде во игра дали со оваа држава ќе владее СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, туку самата смисла на претставничката демократија. Не може никој да оди против неа, не може да се коцкате со шашави анкети, не може да јуришате и да се зафркавате со граѓаните и народот како да сте на фудбалски натпревар. Вие можете, да, начелно, ама губитништвото однапред ви е запишано.

И затоа денешната коцкарска анкета е обична коцка која не требало ниту да започне. Еве еден практичен пример.

Отварате „ворд атачмент“ во кој се наоѓа компјутерски вирус. Штом се отвори, готово, сте го инфицирале целиот систем. Не можете, сакам да кажам, истуреното млеко повторно да го вратите во амбалажата. Така е и со парламентарната демократија.

Што сакаш сега да ни потфрлиш, море, Јовановиќ? Еве уште еден конкретен пример.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да разберат дека не е случајно што во повеќепартиска демократија, мандатот на извршната власт има јасно дефиниран рок, обично тоа се четири години. Тој рок не може да се продолжува, затоа што тоа ќе значи дека демократијата е суспендирана и во земјата се заведува диктатура.

Натаму, не може ниту тој мандат вештачки да се крати, без криза во самата власт или без губење на мнозинството во парламентот. Истото важи и за претседателскиот мандат.

Владеачкото мнозинство е стабилно во парламентот; што значи Владата е стабилна. Што во тој случај треба да прави нормална опозиција? Да си ја бара шансата на следните редовни парламентарни избори во 2024 година.

Секое провоцирање, драги пријатели, секое лажно пумпање на анкети, секое коцкање со волјата на граѓаните, ќе ми простите што ве враќам во реалност, се вика манипулација и форсирање на државен удар.

Затоа е важно Ковачевски, СДСМ, ДУИ и останатите да си го искористат мандатот до крај – така работи парламентарна демократија.

А со барањето за вонредни параламентарни избори, повторувам, вие провоцирате пуч или државен удар. И молим лепо!

Не затоа што СДСМ не може без власт (тоа е голема и страшно важна политичка партија во земјата), туку затоа што другото е распукано, опасно и цинично ругање со начелата на парламентарната демократија. Вредностите на парламентарната демократија имаат своите правила, процедури и рокови, тоа не е ничиј бирократски хир и тоа има некаква смисла.

Јас знам дека „вмроовци“ се навикнати на фудбалско навивање, љубење во чело и „игри и танци“ на сите како едно тело и еден дух, ама батице, парламентарна демократија е обратно од тоа: најголемата цивилизациска константа во нормалниот и цивилизиран свет. Со таква работа сериозни луѓе не се зафркаваат. Под услов, се разбира, ако се сериозни.


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

18:9 - Минималната плата порасна и на скопските улици

НАЈНОВО

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

October 12, 2025

(ВИДЕО) Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

October 12, 2025
Фото скриншот

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk