ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Разгледница од пеколот на Земјата

По ослободувањето на повеќе гратчиња и села во областите Кијив, Харкив, Чернихив, Мариупол...

April 5, 2022 09:42
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Мртви и недогорени тела на пет голи жени на асфалтот на автопатот Житомир, покриени со автомобилски гуми, црн најлон и светлозелена кабаница.

Буча, Ирпен, Мила, Тетерев, Мотижин, Иванкив, Гостомел… Гратчиња и села во областите Кијив, Харкив, Чернихив, Мариупол…

Запалени и згмечени автомобили со изгорени тела. Детска кукла под тркалото на изрешетан автомобил. Тела на стрелани луѓе, некои со врзани раце, деформирани и изгазени од тенкови и тешки воени возила на улиците.

Луѓе на своите велосипеди, застрелани, паднати среде улица.

Еден повозрасен маж, застрелан на улица, со главата потпрена на тротоарот, нога преку нога, како да се одмара. Многу други тела. Како во морбидна дистопија, изгледа како да заспале луѓето на улица.

Полугол маж, убиен и фрлен во шахта.

Празни колички за лица со посебни потреби, меѓу уништени автомобили.

Се нижат уште фотографии и снимки на деформирани, здробени тела. Некои се искасапени.

Хумки со импровизирани крстови во дворовите. На една фотографија во Гостомел се гледаат два крста. На друга, во Бучи, има шест крстови.

Две тела, од кои едното веројатно на дете, изгорени до непрепознавање, исползени од запалениот автомобил на автопатот. Други, што успеале да излезат, застрелани на неколку чекори од автомобилот пред да експлодира. Трети, јагленосани.

Групни и поединечни егзекуции. Систематска тортура, убиства и силување.

Цели семејства, застрелани во подрумите.  Човечко месо и искршени коски во распаѓање. Жртвите биле на колена, застрелани на лице место – мажи, жени, деца, старци – не се бирало.

Испреплетени тела, само набрзина запретани со песок или земја. Една розова детска папуча стои како украс, веднаш до помодрена рака што „извира“ од свежо затрупаната јама.

Мртви тела, некои соголени, расфрлени заедно со отпадоци и искршени предмети во дворовите.

Масакрирани животни.

Пресретната комуникација во која мајки и сопруги ги охрабруваат своите машки „херои“ да убиваат и ограбуваат. Сѐ е воен плен – облека, накит, пари, гориво, машини за перење, моторни пили, огревно дрво, секири…

Една 31-годишна жена силувана и тепана по лицето и телото. Рускиот „херој“ ја терал да седи гола, претепана и силувана, на столчето во студената училница во училиштето близу Харкив. Со нож ја сечел по лицето и вратот. Ѝ отсекол и дел од косата. Го потсетувала на школска другарка, ѝ се „доверил“. (според извештајот од сведочење објавено од Хјуман Рајтс Воч)

Десетгодишно девојче со тешки повреди на вагината и анусот, тепана по целото тело, силувано и убиено.

Сликите се нижат понатаму…

*

Пекол на земјата. Сделано в России.

*

За тоа време… Светот во шок и неверување ги проследи сведоштвата од крвавиот погром на руската војска врз цивилите во Украина. Полни усти со осуда за бруталната агресија и убивањето цивили.

За некој ден, тоа ќе биде само уште една „збирка“ со злосторства што ќе се качи на полиците на човечкото помнење. На „полицата“ веќе се напластува валкан слој на лаги и негирање дека такво нешто се случило.

Што може да се очекува? Се знае, светските политичари „мудро“ ќе ги отворат ушите и очите за „двете страни“ – злосторниците и жртвите. И ќе трагаат по „дипломатско решение на спорот“.

ПС. Овој текст е наменет за оние што, од различни причини, не сакаат или не можат да ги видат визуелните докази за крволочноста на руската војска во Украина. Фотографиите и снимките што ги прегледав деновиве и дел од нив се обидов да ги преточам во зборови се подложени на строга проверка. Бегањето од вистината нема да ги избрише злосторствата и нема да го врати времето. Злосторниците и тие што ги правдаат засекогаш ќе останат втиснати во сеќавањето на човековата цивилизација.

*

Линк до фотографии (предупредување: вознемирувачка содржина)

Линк до видео (предупредување: вознемирувачка содржина)

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk