ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Заедничката борба и унифицирани решенија против илегалната миграција

April 5, 2022 12:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжува заедничката борба против илегалната миграција и потребни се унифицирани законски решенија и усогласени процедури за постапување со цел да се овозможи полесно движење за оние кои се одлучиле или биле приморани на миграција, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на традиционалниот дипломатски брифинг „Пријателите на МАРРИ“, во организација на МАРРИ Регионалниот Центар, пренесува МИА.

Министерот Спасовски информира дека во првите два месеца од 2022 година има тренд на намалување за 27 отсто на обидите за илегални преминувања во земјава.

– Спречени се 1.439 обиди, од нив во февруари – 764, а во јануари – 675 обиди. Дури 77 отсто од обидите се спречени на границата со Грција или 1.119 обиди, 280 на границата со Србија, 28 на границата со Албанија, 10 на границата со Косово и 2 на границата со Бугарија. Во однос на земјите на потекло на спречените мигранти, доминираат Пакистан со 351 мигрант, Сирија со 236 и Индија со 211 мигранти, изјави Спасовски.  Додаде дека тренд на зголемување за четири пати се забележува во бројот на откриени случаи на криумчарење мигранти или откриени се 16 случаи на криумчарење на 150 мигранти.

Посочи дека миграцијата како феномен е регулирана со повеќе закони, а минатата година Меѓуресорската работна група работеше на креирање на Резолуција на миграциската политика на Република Северна Македонија 2021 – 2025 година. Со ова, како што нагласи, покажавме дека Владата останува посветена на управувањето на сите релевантни аспекти на надворешните миграции, почитувајќи ги промените во карактеристиките на легалната и нелегалната миграција.

Според него, од круцијално значење е да се направи исчекор напред во однос на усвојувањето на новите основачки документи на МАРРИ, кои го регулираат функционирањето и на Иницијативата и на Центарот. Со овие документи, како што рече, ќе обезбедиме поголема флексибилност на Иницијативата, побрз одговор на потребите утврдени од релевантните институции на учесничките, но ќе дадеме и силен импетус за Регионалниот Центар, како и за самата Иницијатива уште повеќе да раснат и да бидат препознавани како регионален фактор од страна на сите оние кои сакаат да соработуваат во регионот, секако делот на миграциите.

Министерот Спасовски изрази благодарност до Канцеларијата на ГИЗ од Скопје за нивната поддршка. Потенцира дека Канцеларијата на ГИЗ е главен чинител и во спроведувањето на регионалниот проект за Превенција и борба против трговија со луѓе, познатиот ПаКТ проект, во рамки на кој се дава поддршка на службите надлежни за превенција од трговијата со луѓе и се става акцент на заштитата на жртвите и потенцијалните жртви.

Директорот на Регионалниот Центар Сашко Коцев се осврна на сите тековни проекти и натамошни активности предвидени да се реализираат во рамки на Регионалната иницијатива за азил, миграција и бегалци.

На 5 април 2004 година во Херцег Нови беше одржан првиот МАРРИ Регионален форум и беше усвоена Декларација согласно која МАРРИ учесничките се договорија самостојно да раководат со Иницијативата и да одлучуваат за активностите кои треба да бидат спроведени на регионално ниво. Истата година се формираше и Регионалниот Центар со постојана канцеларија во Скопје.

Next Post

Зеленски: Ќе прифатиме членство во НАТО ако ни го понудат, без разлика на Русија

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk