Не постои таква лага која воени злосторници како Лавров или Небензја не би ја кажале за да си ја спасат сопствената кожа. Секој ден нивните лаги стануваат се погруби и пострашни, а нивните трикови стануваат сè поглупави, пишува рускиот опозициски сајт „Каспаров“.
Денеска погрешија: „лажна снимка од Буча“ (цитат од Лавров, но сите ја знаат ова тема). Која е идејата? Гледачот веднаш ќе разбере: зборуваме за некакво видео со кое нешто не е во ред. Некои велат дека е лажно, други велат дека е реално… гонете ги сите! Тоа е тоа, целта на Лавров е постигната.
Гледачот ќе се сети на формулата „лажно видео“ или дури и само „видео од Буча“ – и нема да знае дека станува збор за десетици видеа, гигабајти фотографии, за детални приказни на стотици очевидци кои се совпаѓаат во детали, снимени од стотици на новинари од десетици земји. Сето ова нема да се препознае: „пак Американците таму измислија некакво видео, а нашите ги ставија на нивното место“, ќе си помисли и го менува каналот. Монструозно.
Монструозно и неверојатно е што оваа многу несмасна, набрзина склопена и смешна лага продолжува да работи за ТВ публиката, но сигурен сум дека ова веќе функционира со последните сили. Во последните денови читам многу очајни текстови во духот на „Настапувам со факти кај роднините- зомби, но ништо не минува“ – но многу повеќе од порано има и текстови како „конечно, мајка ми почна да слуша и почна да поставува прашања, така што сè не беше залудно“.
Ова е многу тешка, неблагодарна работа. Но, без неа, ништо. Затоа, огромно барање до оние кои имаат успешни приказни, кои успеале да ја сменат позицијата на роднините/пријателите/колегите или барем малку да ги отворат очите или да фрлат сомнеж во нив – споделете ги тие приказни што пошироко. Самиот успех и како сте го постигнале, некому ќе му помогне; поучи некого; и што е најважно, некој ќе биде инспириран да не се откажува и да се обиде повторно.
Превод: Жорж Димовски