ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Намален бројот на нови заразени, 1.550 се КОВИД-активни

Од 28 март до 3 април се регистрирани заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапена е над 60 години. Најзабележливо намалување на заболени во споредба со минатата недела има кај возрасната група од 20 до 29 (26,6 отсто).

April 6, 2022 07:45
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Намалување од 5,4 отсто на дијагностицирани и од 45,5 отсто на починати од КОВИД-19 имало од 28 март до 3 април споредено со претходната седмица. За 13,4 проценти се помалку и хоспитализираните – на болничко лекување во моментов има 71 пациент.

Според најновиот неделен извештај на Институтот за јавно здравје, од 14 873 направени тестови, регистрирани се 1602 позитивни со коронавирус од 30 градови. Над половината (893 односно 55,7 проценти) се од Скопје. Од вкупниот број потврдени,  272 биле реинфекции, што е зголемување од 1,5 процент. Пријавени биле 12 смртни случаи во осум градови наспроти 22 починати во претходната недела.

Од 28 март до 3 април се регистрирани заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапена е над 60 години. Најзабележливо намалување на заболени во споредба со минатата недела има кај возрасната група од 20 до 29 (26,6 отсто).

Во 93,5 отсто од испитуваните примероци била докажана BA.2 сублинијата на омикрон т.е. стелт (stealth).

Статус оздравени во изминатата седмица стекнале 1706 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е 4,6 проценти помалку во споредба со минатата недела кога имаше 1789 оздравени.

Заклучно со 3 април,  целосно вакцинирани (со две дози) се 853 501 лица, а трета доза примиле 154 693.

Во вчерашниот КОВИД-билтен беа регистрирани 236 нови случаи од 2212 тестирања, 252 оздравени и немаше починат. Во целата држава има 1550 активни случаи, трицифрени имаат само Скопје (835) и Битола (167). Три града (Дојран, Демир Хисар и Демир Капија) немаат ниту еден активен, а под десет активни има во 15 градови.

Поради стабилната состојба и значителниот пад на новозаразени, многу земји ги олабавуваат мерките. Од 1 мај заразените со КОВИД-19 во Германија нема да одат во изолација, туку карантинот ќе биде на доброволна основа.

Министерството за здравство на заразените лица ќе им издаде само препорака да бидат во изолација пет дена. Но, за медицинските работници ќе важат правила за карантин односно тие ќе мора да се во карантин и по пет дена да се тестираат.

Во Црна Гора од утре ќе биде само препорака носењето заштитни маски во училиштата, маркетите, трговските центри, спортските сали. Маските ќе бидат задолжителни во здравствените установи, во објектите за колективно сместување и во јавниот превоз.

Меѓутоа Кина ги продолжи епидемиолошките ограничувања во јавниот превоз во Шангај, откако по еднодневно интензивно тестирање низ градот, беше утврдено дека бројот на нови КОВИД-случаи се зголемил на повеќе од 13 000.

Минатата недела во градот беа воведени пошироки ограничувања како дел од напорите на владата да ја спречи најголемата епидемија на КОВИД-19 досега. Повеќе од 25 милиони граѓани на Шангај сега се затворени, а ограничувањата во западните области на градот се продолжени до понатамошно известување. /MИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
МИА

Попис 2021: Анализа по статистички региони, бројот на жители се намалува, а расте бројот на станови

НАЈНОВО

Руте: Поддршката за Украина е притисок врз Путин и зајакнување на нашата безбедност

October 15, 2025

„Менуваме“: Секое слепо лице да има бел стап, пристапна инфраструктура и обучувачи

October 15, 2025

Ангела Василевска избрана за претседателка на УСС УКИМ

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk