Ирина Владимировна Абрамова од Буча има 48 години и го раскажува своето ужасно искуство. Таа раскажува дека на 5 март седела дома. Нивниот дом е поделен на два дела. Додека седеле во едниот дел, слушнале експлозија во другиот. Потоа слушнале извикување „излезете надвор“. Олег излезе го кренати раце. Сведоштвото го сподели Центарот за стратешки комуникации и информациска безбедност при Министерството за култура и информативна политика на Украина или Стратком Центар на Укарина.
– Има цивили, не пукајте“- рече Олег.
Јас излегов после Олег.
-Зошто се плашиш? – ме прашаа тие. Им реков „исплашени сме, а вие пукате“.
– Нели гледаш дека сме Руси, рекле Кадировците. (паравоена организација од Чеченија, на чело со Рамзан Кадиров, силен поддржувач на Путин и Русија).
Ирина објаснува дека сите имале ленти со Свети Ѓорѓија.
-Ние сме ослоботидетли. Дојдовме да ве ослободиме- рекле тие.
Потоа ја тргнале Ирина на страна а куќата ја зафатил пожар.
– Олег сакаше да го изгасне огнот, но тие не му дозволија. Му ја соблекоа маицата, го изнесоа на улицата, му рекоа да клекне на колена и го застрелаа. Потоа се вратија и ме испрашуваа три часа – раскажува Ирина.
Witness. #Bucha #RussianWarCrimes #StopRussia pic.twitter.com/TwDlC03J56
— Stratcom Centre UA (@StratcomCentre) April 6, 2022
Ирина раскажува дека нејзиниот сопруг се викал Олег Александрович Абрамов, дека бил роден 1981 година и дека на 16 март требало да наполни 41 година.
Во натамошното сведочење, на Ирина и се придружува и еден маж кој вели дека тие биле Кадировци кои им рекле дека се Руси и им кажале дека ќе ги ослободат.
– Го изнесоа Олег надвор и го затрелаа, му одлета половина глава“, пластично раскажува мажот.
Ирина тогаш почнала да вика „Убијте ме, убијте ме“, го држев мачето и врескав „Убиј ме и мене и мачето“, а тој ми рече „јас не убивам жени“.
Куќата гореше, тие заминаа а ние останавме надвор, рече Ирина.
(Додека Ирина раскажува, во позадина го собираат телото на нејзиниот убиен сопруг.)