ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Се очекува увоз на 100.000 тони пченица од Србија

April 7, 2022 15:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Српската Влада денеска на седница треба да ја донесе одлуката за тргање на забраната за извоз на пченица во земјава. Според српските комори, земјава ќе увезе 100.000 тони лебно жито, иако поднесеното барање беше за 50.000 тони.

Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на брифинг со новинарите, тој утрово веќе контактирал со српскиот колега Бранислав Недимовиќ, а и премиерот Димитар Ковачевски разговарал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

-Веднаш штом биде крената „рампата“, увозот може да почне. Очекувам дека одлуката ќе биде за околу 100.000 тони, односно да се реализираат сите склучени договори, подвлече Николовски.

Во врска со увозот на бугарска пченица што Николовски го најави од Берлин по средбата со бугарскиот министер за земјоделство Иван Иванов, дополнително, рече, ќе се договараат моделите и инструментите.

-Тргањето на забраната за пченицата, пченката, рафинаро и нерафинирано масло за јадење го потврдија сите чинители. Со српскиот министер за земјоделство цело утро комуницираме зашто одлуката е на дневен ред на денешната владина седница, а и нашиот премиер разговараше со претседателот Вучиќ. Забраната ќе биде тргната денеска и верувам дека веднаш ќе може да се реализираат сите договори на нашите компании со извозниците од Србија, истакна Николовски.

Тој информира дека следната недела ќе замине во Турција каде е планирано да разговара за дополнителни количини минерални ѓубрива кои ќе бидат потребни, нагласи, не за сега, туку за есенската сеидба.

-Во вакви тешки околности, правиме се што можеме. Носиме интервентни мерки кои треба да го стимулираат, одржат и зголемат домашното производство. Обезбедуваме и дополнителна финансиска поддршка, а предвидено е и објавување огласи за распределба на земјоделско земјиште, зелена нафта, развојни субвенции за остварен принос. Повикувам сите да се вклучат – политички чинители и партии, претставници од науката, заедно да ги креираме меркте и политиките, подвлече Николовски.

На прашањето дали може да се очекува поскапување на зејтинот, министерот одговори дека во земјава има доволно залиха, а и се правата максимални напори за обезбедување зголемена финансиска поддршка за договорно производство на сончоглед, како и за зголемување на површините, приносот и количините.

-Лично се ангажирав, двапати ја обиколив цела држава во овие два месеца, вклучувајќи ги и трговците. Сметам дека има доволно залихи, како што кажа и претставниот на „Витаминка“ кога бевме во посета на Штип. Сите можеби на некој начин очекуваат што ќе се случи, а имаат доволно залиха, истакна Николовски.

Next Post

Минималната потрошувачка кошничка во март 36.768 денари

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk