ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Актерот Вил Смит доби забрана да присуствува на Оскарите во следните 10 години

April 9, 2022 11:21
in ДЕНЕС, СВЕТ, СЦЕНА
Принтскрин

Принтскрин

Share on FacebookShare on Twitter

Вил Смит нема да може да присуствува на наградите Оскар кои ги доделува Американската филмска академија во следните 10 години, како резултат на неговото удирање на комичарот Крис Рок на сцената за време на овогодишната церемонија, пренесе Си-Ен-Ен.

„Одборот одлучи, во период од 10 години од 8-ми април 2022 година дека господинот Смит ќе има забрана лично или виртуелно да присуствува на настаните на Академијата, меѓу нив и на наградите Оскар“, пишува во соопштението на претседателот на Академијата, Давид Рубин и директорот Дон Хадсон.

Одлуката била донесена за време на состанокот на управниот одбор кој синоќа беше одржан во Лос Анџелес. Состанокот, кој првично требаше да се случи на 18 април, беше забрзан откако Смит ја најави својата оставка од Академијата минатата недела.

„94-тите награди Оскар требаа да бидат прослава за многу поединци од нашата заедница кои направија извонредна работа изминатава година. Сепак, овие моменти беа засенети од неприфатливото и штетно однесување кое го видовме од господинот Смит на сцената. За време на телевизискиот пренос ние несоодветно ја адресиравме ситуацијата во просторијата. Жалиме поради тоа. Ова беше можност да поставиме пример за нашите гости, гледачи и за нашето семејство од Академијата низ светот и не успеавме во тоа – неподготвени за ситуацијата без преседан“, се додава во соопштението од Академијата.

По оваа одлука Смит објави кратко соопштение како реакција на забраната.

„Ја прифаќам и ја почитувам одлуката на Академијата“, пишува во соопштението на актерот.

Оставката на Смит значи дека тој повеќе нема да учествува во гласањето на Академијата, но тоа сепак не го спречува оскаровецот да биде номиниран во иднина. Вообичаено победникот за најдобар актер ја прогласува најдобрата актерка следната година, но со забраната на Смит, Оскарите следната година ќе мораат да ја прекршат оваа традиција.

Вил Смит го удри Рок на сцената на Оскарите на 27-ми март, откако комичарот направи шега за неговата сопруга. Невкусната шега на Крик Рок беше навредлива за Вил Смит и за Џејда која уште лани отворено зборуваше дека има агресивна форма на алопеција што довело да ја изгуби косата за еден ден, а потоа воопшто да не и поорасне и дека за тоа нема лек.

Next Post

Османи: ЕУ да покаже стратешко лидерство за Западен Балкан

НАЈНОВО

Во 3 часот по полноќ почнува зимското сметање на времето

October 25, 2025

Објава на Захарова, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

Скопје Air Fair во Градски парк

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk