За разлика од руската верзија на овој документ, Јапонија, Тајван и други држави не беа вклучени во списокот, пренесува Фокус.
Белоруските власти составија листа на „непријателски земји“ слична на онаа што претходно ја одобри руската влада. Списокот вклучува 39 држави. Ова е потврдено со резолуцијата на Советот на министри на Република Белорусија бр.209, објавена на белорускиот правен портал.
Во документот се вели дека списокот е составен за да се „обезбеди заштита на националните интереси“ на републиката, во него биле вклучени држави. кои, според мислењето на белоруските власти, вршат „непријателски дејствија“ против правни и/или физички лица од Белорусија, имено:
- Австралија, Канада, Лихтенштајн, Норвешка, Нов Зеланд, Албанија, Исланд, Република Северна Македонија, Велика Британија, САД, Црна Гора, Швајцарија.
Како и земјите-членки на Европската Унија:
- Австрија, Белгија, Бугарија, Унгарија, Германија, Грција, Данска, Ирска, Шпанија, Италија, Кипар, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Финска, Франција, Хрватска, Чешка, Шведска и Естонија.
Треба да се напомене дека, за разлика од руската листа на „непријателски земји“, во белоруската не е вклучена Украина, како и:
- Андора, Микронезија, Монако, Јужна Кореја, Сан Марино, Сингапур, Тајван и Јапонија.
Да se потсетиме дека неодамна белорускиот лидер Александар Лукашенко изјави дека републиката ќе се вклучи во војната против Украина доколку „почне агресија“ против неа.
Претходно објавивме дека Кремљ сака да ја вклучи Белорусија во листата на земји гаранти на безбедноста на Украина.
подготви: Жорж Димовски