Русија ја реорганизираше командата на своите трупи во Украина и сега ja предводи генералот Александар Дворников, кој има големо искуство од војната во Сирија, цитирајќи неименуван западен функционер.
„Имаше навистина лоша координација меѓу различни тимови“, рече функционерот, истакнувајќи дека руските сили никогаш не биле обучени да работат на овој начин.
Според изворот, командантот на Јужниот воен округ, генерал Александар Дворников, сега е одговорен за подобрување на координацијата.
„Овој командант има големо искуство со руските операции во Сирија. Затоа, очекуваме да се подобри целокупната команда и контрола“, рече официјалниот претставник.
Западниот функционер смета дека руските трупи имаат за цел да постигнат одреден успех пред 9 мај. Западните власти, исто така, рекоа дека Руската Федерација придвижува дополнителни сили кон Донбас, но не застанува за да им дозволи на трупите правилно да се прегрупираат.
„Доколку Русија не може да ја промени својата тактика и подобро да ги искористи достапните алатки, многу е тешко да се замисли како ќе може да ги постигне дури и ограничените цели што си ги поставија, а секако не во временската рамка за која мислам дека сметаат “, рече функционерот.
Претходно, шефот на Пентагон, Лојд Остин, објави дека рускиот диктатор Владимир Путин веројатно се откажал од обидите да го заземе Киев, фокусирајќи се на југот и истокот на Украина. Според него, САД ќе продолжат да ја вооружуваат Украина додека војната влегува во нова фаза.
подготви: Ж. Димовски