По инвазијата на Украина, непријателот секојдневно трпи загуби, не само меѓу обичните војници туку и меѓу офицерите.
Така, се дозна дека украинските борци го убиле потполковникот на руската армија Георгиј Петрунин, кој бил воен командант на Самара, имал борбено искуство во Чеченија и Сирија. Ова го објави меѓународната волонтерска заедница InformNapalm.
„Воениот командант на Самара, потполковник Георги Петрунин, се врати како “карго 200“ од Украина“, се вели во соопштението.
Во исто време, Комсомолскаја Правда известува дека офицерот починал кон крајот на март и бил погребан на 5 април во Волгоград. Изданието појасни дека Петрунин „ги поминал Чеченија и Сирија, но починал во Украина“.
Како што пишуваше „ФАКТИ“, не сакајќи да се борат во Украина, руските војници прибегнуваат кон криење од мобилизација, а веќе мобилизираните – на самоубиство.
подготви: Жорж Димовски