Украинскиот бизнисмен Андриј Ставницер ја жртвуваше својата куќа за уништување на руската воена опрема. Ова го соопшти советникот на министерот за внатрешни работи Антон Герашченко, објави Tsn.ua.
Според него, бизнисменот на веб-камерите инсталирани во неговата куќа видел дека руските окупатори поставиле 12 единици со воена опрема во дворот, особено – повеке цевни ракетни фрлачи, Торнадо и Град.
Одлуката бизнисменот ја донел моментално и се јавил „каде што треба“. Вооружените сили на Украина ги уништија непријателски возила благодарение на точните координати.
Самиот Андриј Ставницер вели дека не жали за ништо. Ќе ја обновам куќата, ќе ја обновиме земјата, главната работа е да спасиме што повеќе животи“, рече тој.
подготви: Жорж Димовски