Воената кампања во Донбас ќе биде одлучувачка за исходот на војната, а одлуката за оружјето мора да се донесе во наредните денови, а не недели, пишува Кореспондент.
Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борељ, ги повика земјите од ЕУ итно да и го обезбедат на Украина сето оружје што таа го бара.
Забележано е дека по патувањето во Киев, шефот на европската дипломатија апелирал до земјите на ЕУ да и обезбедат оружје на Украина, бидејќи таа се подготвува за интензивираната руската воена кампања.
Во исто време, Борељ им нагласи на европските дипломати дека одлуката мора да се донесе во наредните денови, а не во наредните недели.
Се претпоставува дека воената кампања во источна Украина ќе биде одлучувачка за исходот на војната. Затоа, Киев има само мал прозорец за да се подготви и да го набави потребното оружје.
Според Блумберг, повеќето од земјите на ЕУ се обврзале да ги разгледаат барањата за набавка на тенкови и повеќецевни ракетни системи. На оваа тема ќе се разговара на состанокот на министрите за надворешни работи во Луксембург в понеделник.
Потсетуваме, во саботата Борељ изјави дека војната со Русија ќе се добие на бојното поле.
И денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека на Украина и треба повеќе воена опрема, особено тешко вооружување и сега нема време за изговори.
Претходно беше објавено дека Велика Британија ќе и обезбеди на Украина 120 оклопни возила и нови противтенковски ракетни системи.
превод: Жорж Димовски