Руските окупатори во регионите Доњецк и Луганск регрутираат ново „топовско месо“ за војната со одбранбените сили на Украина. На привремено окупираните територии во регионите Доњецк и Луганск масовно се мобилизираат вработените во „стратешките претпријатија“ кои претходно биле ослободени од регрутирање, пишува порталот Прелистувач.
Исто така, дури и инвалидите се носат на фронт. Ова беше објавено во Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина.
Како дел од илегалната мобилизација, руските окупатори продолжуваат да вршат мобилизација во регионите Доњецк и Луганск. Сега е стигнато и до лица кои воопшто не се предмет на мобилизација.
Масовно се собираат за да бидат фрлени во војна, вработени во „стратешки претпријатија“ на кои им беше ветено ослободување – зборуваме за големи фабрики и електрани, „Во Металуршкиот комбинат Алчевск (АМК) пристигна нова наредба за 1.700 луѓе. Ова е четврт и најголем бран на мобилизација во централата. Претходно доаѓаа наредби за 1.000, 500, 400 луѓе. Исто така, ослободувањето беше укинато и за вработените кои ги опслужуваат регионалните електрични мрежи, велат украинските разузнавачи.
Со оглед на тоа што жителите на регионите Доњецк и Луганск не сакаат да станат „топовско месо“, кое руските напаѓачи ќе го возат на првите редови, тие се кријат а по нив е најавен вистински лов. Така, во регионите Доњецк и Луганск вработените во таканаречената „авто инспекција“ издаваат покани за војска на стационарните места на „сообраќајната полиција“. И на автопатот Алчевск-Белое, неколку бригади веднаш ги запираат автомобилите и издаваат покани за мажите што се возат во нив.
Исто така, напаѓачите организираат рации во становите на жителите на окупираните региони во Луганск. Вработените во окружните воени комесаријати на „ЛНР“ и воената полиција на Руската Федерација приведуваат мажи на возраст од 18 до 65 години од нивните домови.
А во регионот на Доњецк дури и инвалидите на се ослободени.
„Меѓу документите на уништената единица на таканаречената „армија на ДНР“ се пронајдени документи на лица кои не подлежат на регрутација. Поточно, Александар Савенко, со хендикеп уште од дете, бил ослободен од воена регрутација. Или Андреј Ивакин, вработен во рудникот Комсомолец Донбаса, со потврда дека работи во „стратешки важно претпријатие“. На ниту еден од нив не му помогнале добиените документи, а сите останале засекогаш во украинската земја“, велат од Главната управа за разузнавање на Министерството за Одбрана на Украина држави.
Претходно „ОБОЗРЕВАТЕЛ“ објави дека Русија на регрутите од регионите Доњецк и Луганск им дава оружје од 19 век за војната со Украина. Некои од мобилизираните отидоа да се борат со вооружените сили на Украина со пушки Мосин, направени на крајот на 19 век, тие се земени од резервните залихи на оружје од Втората светска војна.
превод: Жорж Димовски