ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Пораст од 38,7 проценти на онлајн трансакциите во 2021 година

April 11, 2022 14:37
in БРОЈКИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 14,6 милиони онлајн трансакции се реализирани минатата година што претставува пораст од 38,7 проценти во споредба со 2020 година кога имаше вкупно 10,6 милион трансакции. Вкупната вредност на онлајн трансакции е 437,1 милиони евра од кои 420,7 милиони евра се потрошени од домашни платежни картички, а 16,4 милиони евра од странски платежни картички, објави денеска Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Посочуваат дека согласно последно објавените податоци за платежна статистика на Народната банка, кон домашните е-трговци се слеале вкупно 335,3 милиони евра што претставува пораст од 47,9 проценти во споредба со 2020 година. Од нив, пет проценти се реализирани со странски картички, а 95 проценти со домашни картички.

– Од започнувањето на пандeмијата, е-трговијата на глобално ниво забележа значително забрзан раст. Исклучок од ова не беше ниту Северна Македонија каде забележителен е значителен раст во бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции и тоа најмногу во трансакциите реализирани со домашни картички кон домашни е-трговци. Иако пандемијата стивнува и работите веќе се враќаат во нормала, растот на новоотворените е-продавници, како и бројот и вредноста на реализираните е-трансакции продолжува и понатаму, со поголема динамика од пред пандемијата, наведуваат од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Зголемување на бројот на трансакции во 2021 година во однос на 2020 година се бележи и при плаќањата со домашни картички кон странски е-трговци. Така, во 2021 година реализирани се 101,8 милиони евра трансакции наспроти 47,8 милиони евра во 2020 година.

Во текот на минатата година отворени се 312 интернет продажни места што претставува раст од 22,5 проценти со што вкупниот број на е-продавници на крајот на 2021 година изнесувал 1696.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Гаши: До Собранието се уште не е доставена оставка од Таравари, ниту предлог за гувернер

May 15, 2025
VDzambaski / Flickr

Разочарување по блокадата на ВМРО-ДПМНЕ на Законот за Кочани

May 15, 2025
Fares Garabet

Трамп има план, има нов аероПЛАН

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk