Украинските вооружени сили соопштија дека руските сили ќе продолжат да ги напаѓаат транспортните инфраструктурни објекти со цел да го попречат протокот на стока во земјата.
Украинската армија исто така соопшти дека руските сили би можеле да извршат „провокативни акции“ во регионот на Придњестровје со цел да ја обвинат Украина за агресија врз соседната земја Молдавија.
Тие, исто така, велат дека руските војници продолжуваат да вршат делумна блокада во областа Харков и дека продолжува гранатирањето на одредени делови од градот, како и дека руските сили продолжиле да ја напаѓаат фабриката Азовстал, една од најголемите фабрики за железо и челик во опколениот пристанишен град Мариупол.
Се наведува дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле четири непријателски напади во областите на Доњецк и Луганск и уништиле пет тенкови, осум оклопни единици, шест возила и осум непријателски артилериски системи.
Во посебно соопштение, украинската армија наведува дека руските сили изгубиле околу 19.500 луѓе во борбите од почетокот на инвазијата./МИА/.