Во војната меѓу Русија и Украина, дури и природата е на страната на Киев. Алексеј Арестович го истакна овој факт, раскажувајќи како влошувањето на временските услови на истокот на земјата им оди во прилог на вооружените сили на Украина, објави Prozoro.net.ua.
Според советникот на шефот на кабинетот на претседателот, во Донбас во последните две недели редовно врне дожд и ова е „многу големо изненадување“ за окупаторите.
„Ова значи дека рововите се длабоки до колена, целосно натопени полиња, неможност или многу ограничени дејства на авијацијата и потреба од напад по патиштата., односно на однапред подготвена одбрана, каде што сè е јасно. – објасни Арестович.
Според советникот на шефот на кабинетот на претседателот, поради природата, руската армија е принудена да ја одложи офанзивата, а Украина има можност да дочека набавка на потребното оружје.
„Она за што не зборуваме ќе има време да ни пристапи. Гледам дека дури и времето е за нас “, резимира Арестович.
Превод: Жорж Димовски